The Home Page of Ana Pejcinova

П р е в о д
 
 
 

Морис Бланшо: Просторот на книжевноста (Maurice Blanchot: The Space of Literature/L'espace literaire) - книжевна студија (превод од англиски).

СПИЈ, НОЌИ

 

            Што се случува ноќе? Во главно спиеме. Со посредство на спиењето денот ја употребува ноќта за да ја замрачи ноќта. Спиењето му припаѓа на светот; тоа е задача. Спиеме во склад со општиот закон кој прави активноста на нашето дневно доба да зависи од ноќниот одмор. Го повикуваме спиењето и тоа доаѓа. Постои нешто налик на пакт помеѓу нас и спиењето, договор без тајни клаузули; и во склад со оваа конвенција се подразбира дека, далеку од тоа да е опасна, збунувачка сила, спиењето ќе се одомаќи и ќе & служи како средство на нашата моќ на делување. Му се предаваме на спиењето, но на начин на кој господарот му се предава на робот кој служи. Спиењето е чисто дело кое му н# ветува на денот. Да се спие: восхитувајте се на овој исклучителен подвиг на будност. Единствено длабокото спиење ни овозможува да го избегнеме она што лежи во длабочините на спиењето. Каде е ноќта? Не постои веќе никаква ноќ.

            Спиењето е настан кој & припаѓа на историјата, исто како што отпочивањето на седмиот ден му припаѓа на создавањето. Ноќта, кога луѓето ја преобразуваат во чисто спиење, не е ноќна афирмација. Јас спијам. Суверенитетот на „Јас” доминира со ова отсуство на кое само се дава и не е негово дело. Јас спијам: тоа е Јас кој спие и никој друг - и луѓето од дело, великите луѓе на историјата, се горди на своето совршено спиење од кое се будат недопрани. Токму поради ова, спиењето кое во вообичаените бавења на животот понекогаш н# изненадува, никако не е скандал. Нашата способност да се повлечеме од секојдневната брзаница, од дневните грижи, од с#, од самите себеси и дури и од празнината, е знак на нашата умешност, целосно човечки доказ на нашата ладнокрвност. Мораш да спиеш: ова е лозинката која свеста си ја дава и оваа заповед да се порекне денот е едно од првите правила на денот.

            Спиењето ја трансформира ноќта во можност. Бдеење е спиење кога ноќта паѓа. Оној кој не спие не може да остане буден. Бдеењето се состои од не секогаш одржување будност, бидејќи бара разбудување во својата сушност. Ноќните талкања, склоноста да се застранува кога светот се разретчува, бледее и се оддалечува, кога дури и чесните занимања кои нужно се практикуваат ноќе привлекуваат сомневања. Да се спие со отворени очи е аномалија која симболично укажува на нешто кое заедничката свест не го одобрува. Луѓето кои лошо спијат секогаш изгледаат повеќе или помалку виновни. Зошто е тоа така? Тие ја прават ноќта присутна.

Бергсон рекол дека спиењето е незаинтерешираност. Можеби спиењето е невнимание кон светот, но ова порекнување на светот н# зачувува за светот и го афирмира светот. Спиењето е дело на верност и сојуз. Им се доверувам на великите природни ритми, на законите, на стабилноста на редот. Моето спиење е остварување на оваа доверба, афирмација на оваа вера. Тоа е приврзување, во афективното значење на овој поим: се приврзувам, не како Одисеј на јарболот со врски од кои подоцна ќе сакам да се ослободам, туку со договор изразен преку сетилниот скад на мојата глава и перницата, на моето тело со спокојот и среќата на креветот. Се повлекувам од немерливоста и немирот на светот, но со цел да му се дадам на светот кој опстанува благодарејќи му на моето ‘приврзување,’ во сигурната вистина на едно омеѓено и цврсто оивичено место. Спиењето е мој апсолутен интерес додека се уверувам во светот. Од оваа граница која спиењето ја обезбедува, го држам светот од конечната страна; го земам доволно цврсто за да остане, да ме постави на место, да ме легне да се одморам. Да се спие лошо е токму да се биде неспособен да се најде својата местоположба. Човекот со лош сон се префрла и преврнува во потрага по тоа вистинско место за кое тој знае дека е единствено. Тој знае дека единствено на тоа место светот ќе се откаже од својата талкачка немерливост. Месечарот е сомнителен бидејќи тој е човек кој не наоѓа одмор во спиењето. Заспан, тој е сепак без место и би можело да се рече, без вера. Му недостасува основна искреност или, попрецизно, на неговата искреност & недостасува основа. & недостасува онаа местоположба по која тој трага, која е исто и одмор, каде што тој би се афирмирал во постојаната фиксираност на своето отсуство, кое би било негова поддршка. Бергсон во спиењето го гледа тоталитетот на свесниот живот минус напорот на концентрација. Напротив, спиењето е интимност со центар. Јас сум, не расеан, туку потполно присобран таму каде што сум, во оваа тоцка која е мојата местоположба и каде што светот, поради цврстината на мојата приврзаност, се сместува. Онаму каде што спијам се фиксирам себеси и го фиксирам светот. Мојата личност е таму, обезбедена од застранување, не веќе нестабилна, расфрлана и расеана, туку концентрирана во теснотијата на ова место каде што светот одново се сеќава, што го афирмирам и ме афирмира. Овде местото е присутно во мене и јас отсутен во него низ суштински екстатично единство. Мојата личност не е едноставно поставена таму каде што спијам; тоа е оваа положба, а моето спиење е фактот дека сега моето престојувалиште е моето битие.

 

Вистина е дека во спиење изгледа како да се свивам во себеси во однос кој го привикува беззнајното блаженство на раното детство. Можно е да е така; но сепак не сум јас самиот на кого му се доверувам. Не наоѓам поддршка во себеси, туку во светот кој во мене станал стеснетоста и меѓата на мојот одмор. Спиењето не е обичен миг на слабост; не е дека снуждено ги напуштам моите одлучни гледни тоцки. Спиењето значи дека во одреден миг за да се делува е потребно да се престане со делување - дека во одреден миг, освен ако не си го загубам патот во бесцелно талкање, морам да застанам и решително да ја преобразам нестабилноста на миријадата можности во единствена запирна тоцка на која ќе се поставам и потврдам.

            Будното постоење не се расејува во телото кое спие, крај кое нештата остануваат; тоа се повлекува од растојанието кое е негово искушение. Се враќа од таму кон примордијалната афирмација која е авторитетот на телото, кога телото не е одделено туку е во потполна согласност со вистината на местото. Ако некој се изненади што наутро с# е сеуште таму, тоа е дека заборавил дека ништо не е побезбедно од спиењето и дека смислата на спиењето лежи токму во неговото бидување будно постоење кое се концентрира  на сигурноста, припојувајќи ги сите раштркани можности во фиксираност на еден принцип и заситувајќи се со оваа сигурност, така што утринската новина може да му посака добредојде и да започне нов ден.

 

            Сонот

            Ноќта, суштината на ноќта, не ни дозволува да спиеме. Ноќе ниеден бегалец не спие. А ако снемогнеш да заспиеш, исцрпеноста конечно те разболува и оваа болест те спречува да спиеш; ова е изразено преку несоница, преку неможноста да се направи слободна зона од спиењето, чиста и права решителност. Ноќе човек не може да спие.

Не се продолжува направо од денот во ноќта. Оној кој ја следи оваа линија наоѓа само спиење - спиење кое го завршува денот само за да го овозможи следниот ден; спиење кое е веднење надолу, кое ја проверува нагорната кривина; спиење кое е подарено, отсуство, тишина, но натопено со намери и низ кое должностите, целите, и реалните дејанија говорат наместо нас. Во оваа смисла сонот е поблизок до ноќната област отколку спиењето. Ако денот преживее во ноќта, ако го превали своето време, ако стане она што не може да се прекине, тогаш веќе не е ден. Тогаш тој е она непрекинатото и непрестаното. Неподнесувајќи настани што изгледа дека му припаѓаат на времето, дури и да е населено со суштества налик на оние од светот, овој непрекинлвдене приоѓањето на отсуството на времето, заканата на надворешноста од која светот отсуствува.

            Сонот е одновно будење на непрекинливото. Во најмала мера, тој е алузија и нешто налик на опасен повик - низ упорноста на она што не може да запре - кон неутралноста која притиска зад почетокот. Одтаму фактот што сонот изгледа дека изнедрува од секој од нас битие од минати доба - и не само детето, туку од уште порано, од најоддалеченото, митското, од празнотијата и неодреденоста на претходноста. Оној кој сонува спие, но веќе оној кој сонува е оној кој не спие повеќе. Тој не е друг, некоја друга личност, но претчувството на другиот, на оној кој повеќе не умее да каже „Јас”, кој не се препознава ниту во себеси ниту во другите. Несомнена е моќта на будното постоење и верноста на спиењето, а уште повеќе толкувањето кое & дава смисла на подобата на смислата, ги цува контурите и облиците на личната стварност: она што станува друг е реинкарнирано во друг, двојникот е сеуште некој. Сонувачот верува дека знае дека сонува и дека е заспан, токму во мигот кога шизмата меѓу двете е предизвикана. Тој сонува дека сонува. И овој бег од сонот кој го фрла назад во сон, во сонот кој е вечен пад во истиот сон - ова повторување каде што личната вистина која сака да се спаси се губи с# повеќе и која е налик враќање на истите соништа или на неискажливото, на вознемирувањето на реалноста кое секогаш бега а не може да се избегне - се ова наликува на сон на ноќта, сон каде што обликот на сонот станува негова единствена содржина. Можеби би можело да се рече дека сонот е уште поноќен со тоа што се врти околу себе, се сонува себеси, дека за своја содржина ја има својата можност. Можеби и нема сон освен сонот. Валери се сомневал во постоењето на соништата. Сонот е причина за неговиот сомнеж и навистина е сомнителна потврда. Сонот е она што не може „навистина” да постои.

            Сонот ја допира областа каде што чистата сличност владее. С# таму е слично; секоја фигура е друга, е слична на друга и одново на друга и последната сеуште на друга. Човек го бара изворниот модел, сакајќи да биде упатен на точката на поаѓање, првотното откровение, но нема такво. Сонот е сличност која вечно упатува на сличности.

 

 

Ова е силно искажано од Емануел Левинас (Од егзистенција до егзистенции) [Emmanuel Levinas: From Existence to Existences).

 

 

 

 

Жак Дерида: Автоимунитет-Стварни и симболични самоубиства

Вилијам Блејк: Четирите Зои

Gordana Stojkovska: Abridging

Елен Дорион: Светлини и сенки

Бланшо: Суштествената самотија

Бланшо: Зборот кој талка

Бланшо: Маларме

Бланшо: Спиј, ноќи

Бланшо: Вон, ноќта

Afghan Journals - Blog

Quick links:

Articles / Текстови :

Fiction / Проза :

Theses / Тези :

Translation / Превод :

Poetry / Поезија :

Gallery

Мој блог - Покана за колаборативен превод на Руми, и нешто лично


WWW Ana's Home



 

View Ana Pejcinova's profile on LinkedIn

back to the top || назад кон врвот

 
 

back to the top || назад кон врвот

Creative Commons License

Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).

 

 

 

Бackground graphics developped by