Мрежен ум Ние сме моделирачки организми par excellence - Едвард Хол, Над културата Мапи и модели Каква и да е “стварната” природа на Стварното на Лакан, употребуваме мапи да го истражуваме и спознаваме, да создадеме своја позиција во него и да воспоставиме комуникација со себе, со Стварното и со околниот свет. Ако “перцепирање е да се одзеде од една слика она со кое немаме никаква врска” , тогаш моќта да се перцепира е еднаква на моќта да се поврзува. Нашата моќ да поврзуваме, односно да со-однесуваме, спојуваме и распојуваме, се генерира преку мапи на конективитет . Овие мапи ги организираат токовите на несвесните процеси и на тој начин се подлошка на свесната перцептибилна содржина. Комуникацијата се одвива како креативен процес на овие мапи на конективитети и обликува когнитивни повратни спреги кои ја градат свеста. Следствено, не комуницираме со Стварното на Светот, никогаш Него не го перцепираме. Она што го перцепираме, според автопоиетичкиот модел, е повратната информација на нашиот сопствен систем кој н# информира за ефектите и продуктите на случувањата во и вон нас. Нашите светови течат како бескрај на процеси на потенцијална когниција која се одвива на поширокото поле на нашите конективни мапи, додека ние осознаваме, организираме и отелотворуваме само мал дел од нив. Делез, во Илјада платоа: За рефренот опишува како детето чекори во темнината на непознатото, во нетериторијализираниот хаос, како тоа создава мапа на светот следејќи ја нишката на сопствениот напев, рефренот - една идиосинкретична музичка трага во постојан развој, а без развојна цел или програма. Мапирањето е начинот на кој го патуваме искуствениот пат Надвор. Детето сочинува еден можен и свој свет Вон, оцртувајќи ја територијата со точки искуствена различност, доделувајќи & средиште, обезбедувајќи го средиштето со произволна меѓа и отворајќи процепи во истата меѓа која го обележува познатото. Со мапите поставуваме два света : Она Внатре и Она Надвор. Го поедноставуваме Она Надвор за да му дадеме значење, за светот да може да има смисла, за да си ја подредиме средината на начин разбирлив за нас: така се мапираме сами себе и светот во кој живееме, ментално и физички. Чекориме, истражуваме и истовремено го одбираме она што ни е корисно и што н# интересира и го инкорпорираме во нашата мапа на непознатото. Се инкорпорираме сами себе во светот со тоа што делуваме во согласност со светот, ги следиме неговите конективни мапи и ги акуелизираме заедничките потенцијалности со тоа што оставаме траги од нашите истражувања. С# што сме допрале, со тело, вид или дух, се менува и носи наш, макар и најблаг отисок. И ние исто така носиме отисоци, инскприпции, од с# што еднаш н# допрало, со тело, вид или дух, и чекориме понатаму изменети. Се менуваме во нешто инакво и му носиме преиначување на с# што допираме и што н# допира. “Стануваме она што го гледаме”, да го парафразираме Вилијам Блејк, но и с# н# гледа, та и тоа станува она инакво што го видува во нас. Истовремено сме процеси на настанување и инцијатори на тавкви процеси во својата околина. Времето, таа метафора на Промената или Различноста, ги врзува овие расеани, хетерогени и незапирливи настанувања во конзистентни, взаемно поврзани линии. Мапирањето е онаа стратегија која ги врзува секвенците на одделни мигови на постоењето и битието во трансверзалата на настанување-време. Мапата е конзистентна структура, отелотворение на подредености и временски континуум на односни полиња на алтернативни набљудувачи-набљудувани, што ја обликува “содржината” на знаењето. Во претходните поглавија ја опишавме содржината како страничен прозиввод на односите на продукција и комуникација – истото се однесува и на знаењето, чија содржина е страничен прозивод, или појавно својство, на конективните когнитивни мапи. Збирот на мапи кои ги структуираат сеќавањето и битието го обликуваат моделот на стварноста на поединецот. Еден модел на стварност опишува во основа како тој човек го организира своето единствено искуство во живеењето. Секој од нас конструира, модифицира и населува различен модел. Овој модел е директен и променлив продукт на збирот на конективни мапи кои ги создаваме во текот на нашиот живот. Сепак, умот, свеста и настанувањето се процеси, а не нешта: контрапунктивни мапи, изместувања на мапите или забележени трансформациски шеми во мапите се како го сфаќаме непретставливиот процес и тек - неограничената промена во сите правци и на сите начини одеднаш. Нашето сеќавање и битие се положени во облик на метафорични мапи на создавање, разлика и трансформациски шеми, кои ги одржуваат и развиваат нашите животни, т.е. когнитивни процеси. Организациски и структурални матрици Свеста е организација на сето не/свесно искуство стекнато со повратни информации за време на животот. Мапирањето е функционална метафора како свеста ги организира и структуира своите процеси на продукција и своите структурални компоненти. Нашето искуство и каква и да е содржина му припишуваме на умот не е надвор од нас повеќе одошто сме надвор од сами себе: информациите кои го имаме за “другите” се нашиот сопствен систем кој н# храни со повратни информации за нашето сопствено структурално спојување со околината. Секое структурално спојување со околината е всушност комуникација на ниво на организациски шеми, според Матурана и Варела . Матриците на конеткивна организација се преклопуваат за да преземат една од друга серија на различности (различни начини на спојување и распојување), кои потем можат да ги применат на сопствената структура. Секоја нова шема на организација настанува како модификација на збирот од сите претходни системски шеми во однос на различност од новата организациска шема научена од околината.
Распределбата на различности во организациски и структурални шеми ги мапира процесите на продукција, а не елементите; последниве се странични производи превлечени преку јазлите на продукциски споеви. Секој јазол на овие мапи бара и се стекнува со симболичка или “симптоматична” претстава (репрезентација) . Јазлите се само точки на продуктивитет - “стварното” се случува помеѓу нив, иако на свеста & изгледа дека точките се места на продукција. Системски мапи
- Будистичка сутра Секако, мапата не е територијата која ја опишува, без разлика дали е мапа на организација или структурална мапа. Мапите се селективни и иако изоставаат многу и придаваат лични претстави кон чистото искуство, бесценети се за истражување на територијата. Без мапи, колку и да се несовршени, се губиме во неопфатливите предели на бескрајното-Сега-во-неограничена-промена. Без мапа не можеме да го најдеме “своето место во светот”: мапите н# оспособуваат да го формираме својот идентитет во односите кои н# сврзуваат и го обликуваат нашето опкружување. Мапите ни овозможуваат да имаме и отелтоворувме личност, едно Јас, Друг, или едно мноштво на хетерогени Јас и Други. Го познаваме сопственото постоење во светот преку повратните информации за делата кои ги починуваме во однос на другите и сами себе. Секоја активност е ориентирана кон одредена цел и се одредува преку интеракцијата на зачуваните мапи. Изгледа дека во секој различен контекст со различна цел и намена се активира различно множество мапи. Ова множество ги одредува филтрите на интерпретација кои ги користиме за да содејстуваме со стварноста, ги одредува идентитетите кои можеме да ги отелотвориме во ситуациите кои ги причинуваме, а го одредува и збирот на потенцијални односи кои можеме да ги создадеме со околината во дадениот целен контекст. Видот на мапи кои ги отелотворуваме одредува што ќе се случи со нас и какви последици ќе има нашето постоење врз средината која ја засегнуваме, с# во овој непрестан процес на комуникација на сами со себе и со она со што сме во допир. Умот, како што претходно напомнавме, и на свесно и на несвесно ниво користи метафори за да опише различни трансформациски шеми или матрици. Материјалот за претставување вообичаен за несвесното се емотивно набиени претстави, кои најчесто се собираат во и околу антропоморфни конгломерати. Апстрактни и физички случувања се запишуваат во сеќавањето во облик на мапа. Што поемотивно искуството, тоа посилен неговиот запис во менталното складиште. Така истражувањта на односите го третираат човечкото суштество не како стабилна структура со непроменлив или метафизички идентитет, туку како флуидно множество на токови на создавање, претставени преку моделот на односни мапи вронети во односна околина. Што е мапа Мапата е прво мапа на соодноси претставени и распознатливи преку нивните елементи. Односна констелација ги претставува соодносите помеѓу “делови” на свеста вронети во несвесното. Една мапа е исто така и мапа на токови и интензитети. Во својот најапстрактен аспект, мапата е метафора на матрици на несвесна продукција: таа опишува и одредува кои процеси се можни, како овие процеси се координираат и што произведуваат на различни нивоа на организација (кои им се појавните својства на различни нивоа на подреденост и комплексност). Мапата спроведува и регулира интензитети и им назначува специфични каратеристики во соодноси на взаемна врска и меѓу-зависност. Една мапа опишува определена распределба на различности и процесите на нивната соработка и алтерација, кадешто интензитетите кои минуваат низ една мапа се дистрибуираат преку неа, си содејствуваат, се видозменуваат, предизвикуваат серија на настани и го продолжуваат своето движење во линии на лет надвор од матичната мапа. Сиве овие процеси на продукција кои ги набројавме свесно ги искусуваме како процеси на комуникација, делување, размена и промена - со еден збор, сите животни мигови во кои се чувствуваме интензивни, присутни, без разлика на принципот на задоволство/болка, без разлика на корисноста на продуктот и последиците на доживувањето. Ограничени бесконечности и како да е стварно Мапата е отворен систем на два начина: таа е специфициран продолжеток на пошироки, поинклузивни дискурси и е неодделиво сплетена со други мапи сочинети од истите и сродни дискурси. Како продолжеток таа функционира со размножување на помали дискурсивни продолжетоци кои ги истражуваат ограничените бесконечности на можни комбинации што пошироките дискурси ги препишуваат со правила на возможност. Но што се во практика овие фамозни дискурсивни правила? Еве еден пример: нашиот математички систем на броење се темели на аксиомата дека постои нешто такво како што се броеви. Ова е недокажлива претпоставка на која секојдневното искуство не & оди во корист. Кога велиме “еден” предмет, се сложуваме да го издвоиме тој предмет од неговата околина, сосема го пренебрегнуваме фактот дека тој предмет физички постојано расте и/или оронува и дека тој постојано процесира нешто од својата околина (како топлина и светлост, на пример): дали пенкалото е пенкало заедно со светлото кое го пробива од надвор во овој момент? Ако е тоа така, тогаш дали пенкалото е помалку пенкало во темна соба? Или пенкалото го сметаме за пенкало без светлоста која минува низ него во секој миг? Тогаш ќе треба да ја одземеме и топлината која тоа ја разменува со околината. Ако ги отстраниме сите интеракции и влијанија од овој вид од пенкалото за да дојдеме до еден независен ентитет, дали нешто ќе остане? И дали сте вие повеќе или помалку вие без/со односите со својот партнер, деца и родители? Оваа неодредлива и добронамерна спогодба дека постои нешто како “еден” предмет или “еден” човек е сепак корисна и можеме да ги прифатиме нејзините недостатоци поради нејзините придобивки - да сметаме, споредуваме и мериме. Дискурсивното правило на метричкиот систем, иако во овој пример поедноставено до искажливост, е дека “постојат броеви”.
Моделот на холограмот Мапата може да се спореди со холограм: секој елемент-настан под обзервација се отвора во поинаков модел на стварноста, во збир на поразлични мапи и во поразличен распоред на својства и функции; сепак ниедна точка на холограмот не ја отсликува стварноста: секое место на преклопување на светлосните бранови е одраз на нешто што останува невидливо, но чие движење може да се забележи преку набљудување на однесувањето на целината. Секој јазол е холон, да го употребиме речникот на Артур Кеслер, во значење на најмала апстрактна единица на холограмот. Секој холон содржи верзија на истиот настан, со различен степен и област на информациска јасност/замагленост, а сепак ја содржи истата односна матрица впишана во мапата. Холограмот во движење се нарекува холоток и ова можеби најдобро ја опишува суштествената функција на мапата како регулатор на токови. Метафорите и холограмските матрици лесно можат да се поврзат преку нивната заедничка функција: да ги опишуваат трансформациските шеми кои ги регулираат токовите на интензитетите.
Времето и прагот на настанување Практичната терапевтска работа во системски мапи на семејни односи покажува дека сочинуваме мапи во секој миг на нашето времено постоење. Ако го замислиме времето на нашиот индивидуален живот како една линија, секоја точка (без разлика колку бесконечно мала) на оваа линија ќе се отвора во своја мапа. И на с#, опитите покажуваат дека секој страничен јазол во било која мапа се отвора во поинаква мапа која претставува дискурсивно преклопување со туѓ светоглед. На овој начин мапите на поединците се преклопуваат меѓусебно на начин кој чини да веруваме дека секој со секого е споен со поголем или помал степен на холографска замагленост: не само со современиците, туку и во претците. За жал степенот на замагленост на информациите нагло се зголемува што подалеку се истражува од она што сеуште носи сетилна форма, но факт е дека работата со мапи, иако сеуште недоволно експериментално истражена, денес претставува еден од најфасцинатнтите, најнепредвидливите и најефикасните начни на практична терапевтска работа со поединци и групи . Емотивниот набој на еден миг ја засилува функцијата на мапата одредувајќи го степенот и видот на нејзиното влијание на други мапи создадени во системот и специфичното однесување на поединецот кој ги одразува случувањата впишани во мапите. За да ја разбереме интеракцијата на мапите на сите мигови, можеме да се вратиме на онаа замислена временска линија чии точки се пресеци на мапи и да замислиме дека оваа линија ја собираме во една единствена точка. Само една мапа останува и оваа мапа ќе биде векторска сума на сите мапи. Оваа единствена збиена временска точка го претставува Битието, со тоа што мораме да се потсетиме дека според Делез и Бергсон Времето е само и сеуште Битие, но не и Настанување. Оваа апстрактна збиена точка функционира како отвор на настанувањето во битието и времето. Може да се рече дека моментот на Сега е праг на процесите на настанување. Не-идентичност Сите зачувани мапи содржат и се запис за одреден идентитет. Збирот на зачуваните идентитети во целокупноста на нашите минати мигови, сите идентитети кои сме ги перцепирале како себе или како другост, може да се активираат по потреба, а имаат тенденција и тоа да го сторат. Грешиме кога размислуваме за себе како за постојаност, додека сме зафатени во процесот на несвесно лизгање преку серија на зачувани идентитети; зафатени сме без престан и одмор во непредвидливата замена на јас-варијабли. Самото име “идентитет” укажува на друг мит на аристотеловата логика, кој тврди дека две нешта можат да бидат идентитчни во време и/или во простор. Принципот на не-идентичност застапуван од пост-аристотеловските мисловни системи, врди дека две нешта никогаш не можат да бидат исти. Општата семантика го брани принципот на не-идентичноста изјавувајќи дека дури и “едно нешто не може да биде идентитчо само со себе” во два последователни мига. Нештата постојано се менуваат со секој момент: се менува местоположбата, односите, внатрешноста, итн. Да беа две нешта исти во сите погледи, тогаш, по дефиниција и по набљудување, тие не би можеле да зафаќаат или да бидат забележани на две различни времепросторни позиции. Секое нешто зафаќа различно место и токму ова место прави неговите позициони и функционални односи да се различни. Не-идентичноста е добра аксиома за почеток на проблематизирањето на значењето на сопствениот идентитет. За човечките суштества, поради неизбежно различните позиции на набљудување, ниедно искуство не може да биде идентично на туѓото искуство. Во светло на ова тврдење, фактот, или релативната илузија дека навистина комуницираме, дека понекогаш навистина имаме чувство дека се разбираме, дека некако и успеваме да си соопштиме повеќе или помалку јасни пораки и да ги претвориме во корисни координирани физички активности, дека и покрај с# ова успеваме понекогаш заеднички да изведеме прекрасни дела - овој феномен повеќе личи на чудо. Асиметрија и рамнотежа Религиозниот мит за севладеечката симетрија се поремети кога науката забележа неповратни, иреверзибилни процеси: јајцето не се одварува. Постојано се појавуваат нови елементи, а со нив и потребата да се воспоставуваат нови соодноси; ова ја вознемирува релативната хармонија која битието ја воспоставило до тогаш, додека природната тенденција кон само-организирање на секој систем тежи едновремено и кон новитет и кон рамнотежа/стабилност. Ова постојано двојно движење на животот кон ширење и кон рамнотежа претставува еден аспект на парадигмата на животот-како-асиметричен-однос.
Мапата не е територија, но тежи да стане тоа Телото е најблиската територија со која свеста може да работи и можеби е и единствената, ако не влегувме во солипсизам и речеме дека светот е тело на свеста. Додека ни ги претставува своите апстрактни мапи низ перцептивните метафори на чулата, свеста тежи да ги отелотвори мапите, т.е. да создаде соодветна територија од и надвор од телото .
Идентитетот и неговите делови Поетската формула на Рембо “Јас е Другиот” во терапевтската работа со мапи стекнува уште една димензија: претходно ја опишавме работата со семејни констелации како распоред на семејни членови во простор. Сега оваа мапа на личности можеме да ја проучиме како мапа на делови на идентитетот на клиентот. Доколку лично учествуваме во еден ваков терапевтски процес, можеме да искусиме како идентитетот е само една од многуте позиции на односната мапа. Концептот за идентитетот како асемблаж, како што Делез го дава, може да кореспондира со нашиот мапирачки пристап: збир на идентитети како актуелизирани подметни позиции распределени врз односната мапа. Збирот на односни позиции го нуди опсегот на потенцијални подметни позии, т.е. на потенцијални идентитети на оној чија мапа се претставува. Сите овие позиции поединецот сам ги населува во различни контексти со различни предизвици, а позицијата на Јас е само онаа најчесто посетената во свесна состојба. Човекот кој не/свесно се втелува во позициите, не само што го презема нивното место, туку и нивните односни функции, својства, способности, убедувања и начин на однесување со светот. Поединецот може да заземе секоја од позициите забележени во несвесното. Повеќе забележени позиции значи поразнолики опции за сооднесување со светот, но неконзисентни соодноси помеѓу можните позиции назначува нестабилна личност со неконзистентно однесување. Идентитетот може да се разбере како флуктуирачки ефект на содејството на сите мапирани идентитети. Но, кога говориме за поимот на делумни идентитети битно е да напоменеме дека не говориме за парчиња сопство, туку за специјализирани матрици на конективитет; овие под опсервација се одвиткуваат во перцептабилен материјал и на набљудувачот во метафоричната сетилна свест му се покажуват како нешто разлачиво, кое се одделува за да може јасно да комуницира, да ја актуелизира и развие својата матрица. Пред актот на набљудување делумните идентитети не постојат, туку функционираат во несвесното како потенцијална тенденција на спојност. Ко што рекол физичарот Бор: “Честичките едноставно немаат јасно одредени атрибути пред да бидат набљудувани...“ Мапата може да се толкува како конгломерат од делумни идентитети: за да ја спознае другоста, свеста обликува аспект од себе според односните матрици на перцепираната различност. Она што се покажува на мапата како “други” се сопствените делумни идентитети. Овие “други” идентитети се самите записи на значајни настани, споделени и несподелени со човекот чија мапа се испитува, но секогаш содржат поинаква перспектива и позиција во настаните. Секој настан/точка на мапата се бележи како засебна односна матрица, со својства распределени да ги претставуваат односите на начин кој чини смисла. Секој нов настан нанесува нов слој на својства распределени преку претставите на идентитетите/позиции, кадешто впишаните идентитети служат и како средство за темпорално поврзување на мапите, со тоа што сврзуват различни искуства во континуитет на когниција. Учењето, спознавањето, можат да бидат разгледувани како специјализиран аспект на процесот на интеграција. Интеграцијата е процес на организирање на свесна и несвесна мрежа на односи помеѓу делумните идентитети и нивните асемблажи сочинети од основни сфаќања за светот и за себе, својства, способности, вредности, ресурси и однесувања. Тоа е процес на воспоставување на соодноси на взаемна поддршка помеѓу деловите на свеста: ова се прави преку градење на плато на конзистентност, од каде деловите ја поддржуваат менливата целост на системот. Не само што ги бележиме другите на нашите мапи, туку се бележиме и себе како дел од една неделива односна констелација во дадениот миг. Може да кажеме дека “јас” може да биде било кое од нашите забележени делумни идентитети од минатото, или попрецизно, зона на интерференција на можни “јас”-позиции. Во главно нашето чувство за сопство миговно се лизга низ серија на претходно вообличени идентитети и без наше знаење или свесна контрола. Овој феномен во пракса е најочигледен кога една личност запаѓа во “детски” начин на однесување (регресира) и реагира на присутната околина ко на минат настан. Психолошки опити покажуваат дека еден делумен идентитет, доколку е настанат во мапа на која процесите никогаш не го досегнале својот гешталт (оцелување), немаат способност да го перцепираат минувањето на времето – тие губат допир со оној праг помеѓу настанувањето и сеќавањето. На тој начин ја губат способноста да “пораснат”, да ја примат когницијата настаната после нивното време. Болката на незавршениот гешталт го активира самоодбранбениот механизам на свеста за привремено да го тргне настрана она што не придонесува за преживување во сегашноста. Доаѓа до потиснување и заборав: со ова еден круг на когнитивните спреги останува незатворен, а интензитетите кои течат на неоцелената мапа остануваат взалудно да се излеваат по своето плато не создавајќи ништо освен болка и конфузија. Потиснатиот идентитет на еден начин не “знае” дека е само еден идентитет на една мапа на светот. Тој постојано верува дека го отелотворува единствениот живот во единствениот можен свет. Идентитетот е замрзнат во својата временска секвенца која го повторува настанот што никогаш не се завршил. Незвршениот гешталт му оневозможува да забележи дека времето минало. Од негова гледна точка, неговото време е сеуште сега и неговата мапа на светот е сеуште ургентна и приоритетна. Ова “помладо” Јас постојано ја доживува минатата констелација на случувања и реагира на неа на начин соодветен за возраста на која настанот се случил. Ако се сетиме дека мапата тежи да го привика својот свет, без разлика каков да е, доаѓаме до една битна последица на овој механизам: потиснатиот идентитет постојано ќе привикува – за нас, несвесно – територија, или нов свет, кој ќе ја исполни мапата на минатиот незавршен гешталт. Всушност овој нагон да привикува дури и болен свет кон себе е нагон кон самолекување: обид да се исцели. С# додека првотната матрица на настани не се разреши, старата болка ќе привикува нови болки од ист матричен вид и ќе привикува свет кој ќе ја нанесува истата ситуација со нови актери. Ова е посебно видливо при психотерапевтската работа со трауми: траумата функционира на тој начин што личноста постојано ја доживува својата болка со непроменлив интензитет и ова постојано трае во свесното и/или во несвесното во секој миг на животот, с# до разрешувањето на незавршениот гешталт на трауматичниот момент. Системски метафори Ко за битија-во-соодноси полесно ни е да ги сфатиме процесите доколку си ги претставиме надвор од себе: преку надворешни елементи, состојби, односи и личности. Создаваме околина која одговара на нашиот модел на светот, на конгломератот на нашите мапи. Изгледа дека светот со кој сме опкружени сме го привикале да н# отелтовори преку надворешни елементи.
Зачуваните мапи во несвесното се многу; истовремено се и пропоени и диференцирани единствено преку својството да претставуваат различни моменти на времето. Мапите можат да бидат конзистентно споени, што го засилува нивното продуктивно дејство, или меѓусебно неконзистентни, што предизвикува конфликт и раздор, и внатре и надвор едновремено. Секој пат штом искусиме ново внатрешно или надворешно случување, различни асемблажи на мапи се активираат, заземајќи творечки (конзистентен) или затворачки (неконзистентен) однос една кон друга и кон новонастанатата мапа. Сумата на мапи кои ги отелтоворуваме, и конзистенто поврзаните и неинтеграрните, делуваат во секој миг симултано . Човечката свест, според моделот на автопоиезис, е нешто што сите заеднички го сзодаваме, делиме и споделуваме. Може да се опише како бескраен ток структуиран во односни шари. Поединецот го создава сопствениот модел на стварноста како односна констелација која влијае и е под влијание на асмеблажот на односни констелации кои човештвото и неантропоморфните облици на свест ги создаваат заедно. Времепросторноста на мапите е една од темелните метафори кои ни овозможуваат да работиме со димензиите на создателство, да се спознаваме себеси и другоста. Другоста е непроѕирна, несфатлива и неспоива со нас с# додека не ја интегрираме нејзината специфична различност во когнитивна мапа конзистентна со нашиот модел на светот, додека моделот не се трасформира преку интегирарње со другоста. Учењето н# менува и го менува нашиот свет. Од отвореноста кон учењето, од флексиблноста за интеграција, од инвентивноста за создавање на нови соодноси со несличноста, зависи дали населуваме “непријателски” свет полн со туѓинци, “неприфатливи” различности и застрашувачко непознато, или отворен свет за бесконечната авантура на спознавањето, населен со обилие на пријателски тајни, поле на заедничко создавање со облици на свест чија различност е драгоцена и привлечна. Истите мапи на свеста ни ја даваат моќта на одлука да заживееме свет кој е истовремено свој и неодделив од нашето чувство за себе. Идентитетот како мрежа „Она по што трагаме е она што трага Св. Франциско од Азизи Со јазикот на мрежните системи, можеме да резимираме: Идентитетот е мрежа вметната во други мрежи и чии јазли се отвораат во уште повеќе мрежи. Секое ниво на организација на мрежата е дискурс кој расејува различно множество на можни подметни позиции. Секој дискурс е прекриен со јазикувањето на приказните за себе, за светот и потенцијалните врски кои можат да се актуелизираат преку создавање на перцептабилни содржини. Секое ниво на дискурсот може да се јави во свеста, т.е. при актот на набљудување, како констелација на соодноси – дискурсивна формација стабилизирана во серија на делумни идентитети. Секој делумен идентитет е репрезентативна превлака преку одреден јазол на конективитет во мрежата. Делумните идентитети се точки на конвергенција на различни нивоа на дискурсот. Во свеста тие можат да врзуваат различни моменти на време, постоење и сеќавање. Способноста на конвергирање е она што овозможува чувство на континуитет, а преку него и чувство на идентитет и спознание. Односните констелации поставуваат различни времиња, простори и сеќавања врз едно заедничко ниво на коегзистирање, истовремено овозможувајќи им да ја задржат својата различност и одделивост. Констелацијата ги сместува делумните идентитети во врски за да прикаже матрици на конективитет својствени на одреденото ниво на организација. Подметните позиции, чувството за сопство, толкувањето, прикажувањето и сеќавањето се секундарни појавни феномени, кои се разликуваат на секое ниво н дискурсот. На секое ниво на комплексност мрежата продуцира различни појавни феномени. Едно време, еден простор, еден идентитет, една историја и еден свет – ова се појавните феномени на едно организациско ниво. Нивните изменувања се бележат како мапи на различности, каде линијата и познавањето на промената се концентрираат во јазлите на транформациските матрици. Нивоата на мрежата коегзистираат едни со други иако нивните координати на време, прсотор, идентитет, сеќавање и свет не се исти; ова н# води повторно кон мислата за симултано рамноправно постоење на минатото (минатата) со сегашноста. Нивоата на комплексност и на повисоко уредување се појавуваат како продукт на конзистентни пропојувања на овие разнородни нивоа, преку вирови на интензитети кои пробиваат низ јазлите на конективитет. “Едно” човечко битие е апстрахирање од поголемата мрежа на дискурсот на човештвото. “Едно” човечко битие е веќе и секогаш семејство, народ, човештво и вселена. Може да стане и мрежа на свеста на неанторпоморфни животни облици во процесот на десубјектификација и настанување. Создавањето и однесувањето на делумните идентитети Лабјниц нуди интересна перспектива на човекото битие како на збир од монади вметнати во универзалната монадска констелација. Во неговата терминологија, секоја душа или личност (монада) е сосем затворена, без прозорец или врата, а го содржи сиот свет во своите најмрачни длабини, додека осветлува само мал дел од него. Секоја монада фрла светлост врз различен дел од космосот и оној дел што го осветлува таа го нарекува живот, познание на животот. Светот е преклопен и свиен во секоја душа, но на различен начин, бидејќи секоја монада осветлува мал превој од целокупните вселенски витки. Во контекст на таканаречените делумни идентитети, поединецот може да се нарече и монадски асемблаж.
Делумниот идентитет не си е пре-егзистентен на себе и на дискурсот кој го создава. Односите го сочинуваат подметот, а не обратно – односите на продукција, односите помеѓу процесите, помеѓу јазлите и објектите изградени на нив, односите помеѓу моќите, својствата, афектите, времињата, настаните. Дискурсите на личната историја и на подметните позиции се создаваат одеднаш, се појавуваат ускладено со целокупниот организациски принцип, ритамот на системот. Овој принцип е невидлив за подметната позиција, бидејќи тој ги дефинира условите на постоење и на субјектот и на неговиот дискурс. Организацискиот принцип не постои во прецизно значење на зборот, а во смисла на Лакан. Тој ја регулира организацијата, но нема финално отелотворување. Звучи повистинито да речеме дека ништо не постои пред делумниот идентитет: постоењето е појавен феномен на апстрактните дискурсивни правила. Делумните идентитети, колку и да се распоени, сврзани се преку заедничкиот креативен организациски принцип, еден невидлив и нечуен ритам; постоењето и појавностите виреат од него тежнеејќи да го отелотоврат во различни средини. Видови на поврзување Делумниот идентитет може да се врзе во три правци: за повисоките нивоа на комплексност – приближување со подредување кон организациската матрица на целокупниот организам; може да се сврзе со други делумни идентитети создадени по сродни дискурсивни правила; и може да се поврзе со териториите кои сам ги продуцира. Свеста за некаков беглив ритам кој го уредува светот често се јавува во разни култури како чувство за нешто што отсекогаш било таму но постојано бега од видот (тајниот врвен означител, трансцендентниот субјект, недосегливиот бог) или чувство дека имало нешто пред нашето постоење, а сега е заборав (митот за изгубеното потекло и за првотната причина). Поради ова чувство на отсутниот Родител вековната потрага нз историјата се губи на пат кон хоризонтот кој постојано се оддалечува. Историјата н# насочува кон почетоците на времето, што е само бескрајно продолжување на истото диксурсивно ниво, но не и скок од него. Историјата не е иманентност. Воопшто, сите есхатолошки и апокалиптички митови тежнеат да им дадат времепросторни координати на процесот и организациската функцијата на ритамот, кој не може да се територијализира, кој не може да постои и кој се менува во обата правца одеднаш: како се менува од Сега кон иднината, така се менува и минатото. Спротивностите се случуваат одеднаш и во обата правца, како што би рекол Луис Керол. Пореално е да се каже дека ништо и никој не се изгубил или се заборавил. Она што така го чувстуваме, што толку лично и цивилизациски ни недостасува, нема облик, не можеме да го перцепираме ниту можеме да се сетиме на него. Според Лакан, тоа е и онака постојано тука, околу и во нас, тече и н# пробива. Нашата јазична условеност не препречува со директното условување, иако соочувањето со Стварното би значело лудило, според истиот мислител. Напросто, сите сме асемблажи во течен свет каде не постои Великиот идентитет ниту предоредена цел на нашите движења и процеси. Делумните идентитети се обликуваат како актуелизирани разгранувања на ритамот на идентитетот. Тие постојат секој во својот сопствен дискурс на односи и времепростор, кои му обезбедуваат на подметот минато, иднина и односна околина. Ова е свет кој се потпира сам на себе, свет кој флуктуира заедно со други взаемно-зависни светови. Дисфункции во матриците на конективитет Во еден здрав животен систем непрекинати циклуси на повратна информација патуваат по односните матрици постојано модифицирајќи ги. Циклусите и патиштата никогаш не се идентични, како што потврсдува теоријата на хаосот. Секој круг опишува ново истражување на конективноста конзистентно со целокупната мрежна свест. Така териториите кои една здрава мапа ги сочинува се конектибилни и се одликуваат со отвореност, иманентност, разноликост и диференцијација.Она што го перцепираме како свој живот е територијата сочинета од вкупната работа на сите наши делумни идентитети. Секој делумен идентитет се врзува за животот и мената преку териториите кои постојано ги пресоздава и одржува. Дисфункционални матрици се јавуваат кога еден делумен идентитет е “откачен”, неспоен или неконзистентен со целокупниот асмеблаж. Без самосоздадена врска со платото на конзистентност делумниот идентитет може да се сврзе и тежи да го стори тоа, единствено со други (и туѓи) делумни идентитети чија организациска матрица ја соджи истата дисфункционалност. Овие други и туѓи делумни идентитети не мора да припаѓаат на истото битие или физички да се спојат: се работи за поапстрактни нивоа, но сепак асоцира на она “слично со слично се привлекува” – кога овие не тежнеат кон промена. А обратната мудрост, исто валидна, дека “спротивностите се привлекуваат”, се гледа во друга фаза на движењето на циклусите, а тоа е кога постои изразена тенденција да се зацели незавршениот гешталт и да се исправи дисфункционалноста. Тогаш привлекува она што го носи делот од матрицата кој недостасува. Како што претходно споменавме, еден неспоен делумен идентитет е распоен и од врската со времетечењето и упорно го повторува незавршениот гешталт без видоизмени во циклусите. Зафатен во бескрајно исто, постојано емитира еднакви алармни сигнали чија сила постепено го разјадува системот и невидливо му го саботира растот на сите нивоа. Исто, може да влезе во самозасилувачка повратна спрега. Како што мапата привлекува територја, така и овој делумен идентитет ќе се труди да привика болна територија која ќе го одрази незавршениот гешталт. Ова болна територија може да биде телото и светот. Незавршениот гешталт на дисфунцкионалната матрица може да се однесува на личен површен проблем и на дисфункционални матрици на ниво на човештвото. Што поопфатна матрицата, тоа понепрегледна територијата која ќе ја привика. Катастрофите според ова изгледа дека доаѓаат бидејќи ги привикуваме со сопствените катастрофични мапи. Но реагираме на територијата, ако не реагираме на мапата. Катастрофалната територија е несвесен обид за оцелување. Мапата ќе привикува секогаш нови актери, само за да се смири и трансформира во гешталтот, да прими позитивна повратна информација за своите процеси, да се пропои со световите среде кои е создадена и да го актуелизира наполно својот конективен потенцијал. Доколку ова не се овозможи, повторливиот блок или продор во спојноста ќе црпи сила од целиот асемблаж, а системот може да имплодира или да пресуши до смрт.Една конективна мапа мора да биде способна да ослободува линии на лет за да може да ја екстраполира својата иманентна димензија и преку неа да се спои со иманентното плато, односно со платото на конзистентност на целокупната свест. За Делез, ова е здравје. Иманентната димензија се деривира кога делумниот идентитет достигнува максмален степен на територијализација, го преминува својот праг на стабилност и на бифуркационата точка ослободува чист интензитет без никаква резонанца, без никакви територијални примеси. Вака се создава иманентноста. Овој ослободен интезитет е сингуларен и се наоѓа на исто ниво со други сингуларности. Содејството на сингуларитетите не може да се опише со зборови, бидејќи се чиста афирмација, додека јазикот функционира на база на негација. Делумните идентитети престојуваат како брусен одраз на сопствената односна околина чии врски постојано го обликуваат. Од степенот на нивната функционалност зависи каква светлина фрлаат врз мрежите, колку од неа заклучуваат во чворови и каков нов вид создаваат. Белешки (во превратен ред): Postojat dva osnovni na~ina na koj otvorenata (konzistentna) mapa odgovara na novite slu~uvawa: so inkluzivna sinteza i so kontekstualna determinacija, odnosno so simultana integracija i difereнцијација. Eden lesen opit koj mo`ete i sami da go izvedete: setete se koga posleden pat ste ~uvstvuvale prekumerno silna emocija: strav, gnev ili taga, na primer. Opu{tete go sekoj muskul na teloto, zatvorete gi o~ite i setete se na toj moment. Dozvolete & na emocijata da vi go preplavi celo telo. Zamislete si deka vleguvate vo emocijata i dozvolete & da ve ispolni do posledna kletka i deka vi go opkru`uva teloto. Koga }e ve opfati, so taa svest vo mislite poglednete go teloto koe ja iskusuva taa preplavuva~ka emocija. Kolku godini ima toa telo? Sistemskiot kou~ing na Martin Karaters tvrdi: koga percepirame edno svojstvo, mu go pripi{uvame na ~ovekot koj go izrazil toa svojstvo vo stvarnosta i go za~uvuvame momentot na prepoznavawe na svojstvoto vo oblik na nastan vrz odnosna matrica. Dokolku ova prepoznavawe i pripi{uvawe se slu~i edinstveno na nesvesno nivo, koga sakame sami da go izrazime toa svojstvo, nesvesno go igrame toj ~ovek. Dokolku prepoznavaweto i pripi{uvaweto se slu~ile i na svesno nivo, go narekuvame ovoj proces modelirawe ili u~ewe. Svesnoto u~ewe se slu~uva koga integrirame tu|i prepoznaeni crti kako svoi sopstveni, no koga razla~uvame pome|u svojstvoto i ostanatite delovi od asembla`ot na ~ovekot; koga svesno re{avame {to sakame da nau~ime od nekogo i {to ne sakame da otelotvorime vo na{iot `ivot. Obi~no u~eweto e na prete`no nesvesno nivo so samo mala svesna kompnonenta, {to go namaluva opsegot na donesuvawe odluki i razla~uvawe: dobar primer se tinejxerskite idoli, koga zaedno so izvonredniot scenski nastap, poimot za uspe{nost i popularnost, voshiteniot lokalen fan gi imitira drogite, promiskuitetot, agresijata i nekomuniktivnosta. Na ovoj na~in u~ime svojstva, funkcii, odnseuvawa, no i ubeduvawa i vrednosti od svetot; i ne samo od antropomorfniot svet. Miroslav Holub vo esejot Dimenzii na sega{niot mig zabele`uva deka vo 73% od germanskite pesni ~itani na glas stihovite traat od dve do tri sekundi – osnovnite “zvu~ni bitovi” se namerno prilagodeni kon ~ove~kite mentalni funkcii. “Vo ovaa smisla, na{eto ego trae tri sekundi. S# pove}e e ili nadevawe ili sramen incident.” – zabele`uv toj (citirano vo Za vremeto, od Pol Dejvis, str. 266) Vo havajskoto tradicionalno u~ewe Huna teloto se sfa}a kako mapa na li~nite i semejni odnosi, a sledstveno i drevnite le~itelski metodi gi isceluvaat odnosite za da izle~at telesna bolest. Najdale~noto istra`uvawe za koe znam be{e izvedeno od edna polska terapevtka, koja svojot klient go odvela 31 generacija nazad vo minatoto, pri istra`uvaweto na semejna tradicija na nesre}ni qubovi. Vo voobi~aenata praksa se odi obi~no po dve, najmnogu tri generacii nanazad, dokolku klientot ima potreba od dlabinski intervencii. Sekoja celina vsu{nost ve{ta~ki se sozdava so nametnuvawe na proizvolni me|i vrz beskrajno spleteni poliwa na {emi, {to e i slu~aj so “celinata” na na{ata li~nost: za da si zadademe identitet, si nametnuvame me|i okolu promenlivoto i beglivo ~uvstvo na sopstvo, me|i koi presekuvaat preku na{ite `ivi poliwa na vzaemna propoenost so svetot, so {to neizbe`no isklu~uvame pogolemi aspekti na na{eto poopfatno bitisuvawe. Edna bele{ka za ovoj neobi~en poim “ograni~ena beskone~nost”: algebriskite brojni nizi se beskone~ni na ograni~en na~in. Na primer, nizata: 1,2,3,4... e beskone~na, no gi isklu~uva decimalnite broevi. Nizata: 0, 1, 0.1, 0.9, 0.19, 0.89, 0.105, 0.885… e isto taka beskone~na: te`i kon 0.5, nikoga{ ne go dosegnuva ovoj broj, a ograni~ena e pome|u brojkite 0 i 1. Osven ovoj termin, postojat i drugi dva interesni termini za opis na “gustinata” i “razredenosta” na raznite beskone~nosti: za primer, obete nizi (1,10,100,1000...) i (1,2,3,..10..100) se beskone~ni i se dvi`at vo ista nasoka i duri i od ista to~ka, nula, no vtorata niza sodr`i pove}e (?) brojki i ja opfa}a prvata niza; sledstveno, vtorata niza pretstavuva pogusta beskone~nost od relativno retkata beskone~nost na prvata niza. Taka, karakteristi~nite crti na funkcionrawe na edna beskone~nost zavisat ne od nejzinata priroda (koja e beskone~nost) tuku od {emata koja ja sozdava (nx10 ili n+1) Vo {kolata na sistemski kou~ing na Martin Karaters (Martyn Carruthers) i vo sistemskata terapija na Bert Helinger (Bert Hellinger) semejnite mapi (odnosni konstelacii) se upotrebuvaat da gi razre{at osnovnite odnosni matrici na poedinecot. Ovoj tehnika izgleda vaka: klientot spored oset proizvolno postavuva ozna~iteli za poziciite na svoite emotivno najbitni li~nosti (obi~no od semejstvoto) vo rabotnata prostorija, so toa {to potem ili sam stapnuva vo nivnite pozicii ili, dokolku se raboti so grupa, drugi lu|e (koi ne smeat prethodno da znaat ni{to za klientot) stapnuvaat vo poziciite na taka postavenite ozna~iteli i vo pozicijata na klientot. Ovoj vid na terapevtska rabota se temeli na fenomen koj se potvrduva pri sekoj vakov opit: lu|eto koi stapnuvaat vo “telata” na nepoznatite poka`uvaat deka spontano mo`at da povle~at informacii od `ivotot na vistinskiot ~ovek na ~ie mesto stapnuvaat, duri i tajni koi nikoga{ so nikogo ne bile spodeleni. (Pove}e detali za ovoj vid na rabota vo knigata Skriena simetrija na qubovta (Love’s Hidden Symmetry) na Bert Helinger i na veb stranata na sistemski kou~ing www.systemiccoaching.com.) Ovie opiti, so povtorlivi i proverlivi rezultati, uka`uvaat deka odnosite a ne poedincite gi ~uvaat informaciite za li~nosta i li~nata istorija na poedinecot i semejniot sistem. Taka, stapnuvaweto vo odredena odnosna konstelacija, koja e individualna za sekoj poedinec kolku i liniite na dlankata, dava informacii za poedincite koi se formirani od taa konstelacija.
|
|||||
back to the top || назад кон врвот Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).
|