The Home Page of Ana Pejcinova

К р и с т а л и _ н а _ н е с в е с н о то
 
 
 

Системската парадигма

Епистеми и парадигми


Една парадигма изразува општо прифатена научна перспектива во одреден период; парадигмата формално го дефинира она што е вистинито и она што не е. Но една епистема, иако често употребувана синонимно на терминот paradigma, може да зафаќа и подлабоко когнитивно ниво: збир на дискурсивни правила кои одредуваат што е воопшто можно да се знае во некое доба. Сo други зборови, овие дискурсивни правила се буквално немисливи креативни пронципи кои ја дефинираат мисливоста на мислите.

Францускиот филозоф Мишел Фуко во својата кинга “Редот на нештата” ги опишува промените на епистемите низ добата и разликите во нивните предуслови на мислivost. Тој ја дефинира епистемата како “целосната сума на односи, кои ги обединуваат, во даден период, дискурсивните практики кои се подлошка на епстемолошките фигури, науки и на можеби формализираните системи.” Епистемологијата на временскиот период ги има овие правила за збир на невидливи, аксиоматски и несвесни предуслови на мислата/мисливоста. Големите промени во историјата на идеите доаѓаат кога се предизвикува една епистема, за друга епистема да ја пробие и надгради. Епiстемологијата на периодот им дава основа на темелите на познанието на тој период.

Последниот пример на вакво епистемолошко и парадгиматско придвижување се случи во минатиот век, кога откритијата на квантната физика буквално ја “измести од темел” претставата за физичкиот свет. Резултатите од субатомските истражувања го фрлија материјалниот свет да плови низ димензиите, без стабилни физички точки, центар или структура; квантниот свет ги замени поимите и објектите со бесконечност на испреплетени шеми на потенцијални (неактуелизирани) споеви. Послредниот збор, спој, можеби и не е најсреќно избран: би било посоодветно да се употреби спојливост како можост, способност и расположивост за остварување на споеви.

Паралелно на серијата откритија во областа на природните науки, скокот во филозофијата ги стави под сомнеж епистемолошките претпоставки на последните неколку века. Најопшто земено, дојде до напуштање на просветителската увереност во можноста за досегнување на објективно знаење преку разумот, а потрагата по конечна стварност и трансцедентална суштина се покажа неоснована, само дел од хуманистичкиот сон. Во филозофијата, постмодернистите најчесто изразуваат тежок сомнеж во можноста за универзална објективна вистина и ги одбиваат вештачки наметнатите дихотомии на јазикот. Фуко користеше историски испитувања како метод, зa да изложи како се обликува, омеѓува и контролира субјективното човечко искуство и структурата на современата мисла. Францускиот пост-структурализам ја носи идејата дека сета перцепција, сите концепти и изјави на вистинитост се конструирани внатре во јазикот, заедно со соодветните позиции на субјектот, кои, слично, не се ништо повеќе од проѕирни епифеномени на овој или оној културен дискурс. Жил Делез сочини еден идиосинкретичен пристап кон книжевноста, психологијата, политиката и филозофијата, кој се потпира на мапирање на ризоматските движења кон иманентност, истражување на тековите на жедбата и процесите на територијализација и детериторијализација. Може да се забележи еден опфатен напор во филзофскиот речник на Постмодернистите да ги де-субјетктифицираат  (де-антропоморфираат) концептите, мислата и искусувањето, да ја пробијат епистемолошката конструкција на Пroсветителството за с#  она што човечкото битие е и може да биде.

Последната хуманистичка епистема во која, според Фуко, сеуште сме фатени, го преведува светот во поими сосредени на човекот: таа го затвора искуството на бидување човек во антропо- или его-центричен светоглед. Со други зборови, вон-човечкиот свет се набљудува низ призмата на хуманистичката и рационално-механистичката научна парадгима: поединецот се зема ко одделен, невмешан набљудувач на објективна реалност чии елементи се мерат според нивната вредност и корисност во однос на човечкиот субјект. Постструктурализмот прави напор да ги ослободи објектите на истрaжување од обликот наметнат од субјектот. Иако од почеток оваа цел се најавува kako неможна да се исполни, самиот процес на десубјектификација ја проширува дефиницијата на познанието во подлабоко сфаќање на животните процеси, каде што референцата на вистинитост и вредност се одделуваат од антропоморфниот центар и се расејуваат преку бесконечните дискурси.

Чудниот преврат

Во ренесансниот период една од основните епистемолошки претпоставки била дека Светот е божја Книга каде сите свети тајни се шифрирани и впишани во трајни симболи. Напорот на мислителот тогаш бил да го дешифрира тајниот свет код, кој конечно би ги извадил на svetlo na denot, ili na razumot, сите светски мистерии. На одреден начин, ова уверување имплицира субјект кој е способен да ја заземе позиција на Создателот-творец на кодот, писателот на Книгата, оној кој го поседува сето знаење на тајната. Светот се сфаќал како аналогија на микрокосмичката/макрокосмичката структура, со имплицитна надеж дека конечното дешифрирање на Светот, или на Книгата, би ја открило крајната аналогна сличност помеѓу нештата. Зборот се земал за она што го означува – мапата не се разлачувала од територијата. Не постоело перцептивно разлачување помеѓу зборот и искуството. На знаењето не му требала сигурност или повторлив експеримент ; било нужно неsовршено, неискажливо и недокажливо. Во контекст на вредности, знаењето & било директно потчинето на поемотивната и субјективна вера. Во оваа потрага по конечниот код, целта била однапред зададена: Богот бил потеклото и бегливиот главен означител на “крајот на играта”, така што трудот на одличните умови бил да ги најдат и исцртаат пре-егзистентните сличности помеѓу нештата, за на тој начин да го докажат божественото присуство во светот. Мистичарите и синтетичарите (еден од нив бил и Вилијам Блејк), кои ги преоткривале цикличните ритми на постоењето, биле namereni i so toa затворени во изнаоѓање на бескрајни повторувања на Истото, без алтерации помеѓу циклусите. За да се разбере овој период, битно е да се забележи дека поимите на “напредок” и “еволуција” воопшто не постоеле како што ги сфаќаме денес се’ до научната револуција на осумнаесеттиот век.

Бавно зборот се оддалечувал од светот на нештата. Книжевноста, преднаучна, уметничка и забавна, создавала сопствена стварност и како таква се стекнала со моќ повратно да ја влијае стварноста која ја неа ја создаvaла. Во шеснаести и седумнаести век радикалните промени во физиката, астрономијата и математиката ја претставиле новата научна парадгима, која & го отвориla патот на една поинаква епистема:

Во овoј период јазот помеѓу мапата и територијата се проширил. Мислата престанала да биде вреднувана според мерата на сличноста. Подобноста и наликувањето станале знак за измама, прелага, илузија и грешка. Не им се верувало повеќе на човечките сетила – овие биле несигурни и лажливи во познанието на стварноста или на претпоставената трансцендентална суштина.

Во тек на седумнаесеттиот век субјективниот свет бил одделен од објективните “факти”. Овој раскол, во кој сме и денес фатени, потекнал од механицистичкиот светоглед и со време се засилил до степен на цивилизациска парадигма. Галиелео Галилеј го поставил квантитетот како мерен систем на научната виситна и ја исклучил специфичната квалитативна вредност од науката, сведувајќи ја оваа на проучување единствено на феномени кои можат да се мерат и квантифицираат. Заедно со чулата, естетиката, етиката, сензитивноста, вредностите и сите квалитативни фактори биле или проучувани со квантифицирачки методи, a оние кои не подлежеле на квантитативно мерење биле едноставно игнорирани и исклучени од областа на науката.

Рене Декарт го вовел методот на аналитичко мислење, кое се состои од разбивање на комплексните феномени на функционални делови, со цел да се разбере однесувањето на целината од својствата на деловите. Процесите во картезијанските мисловни модели се земаат kaко да се одвиваат надвор од материјата, а аналитичкиот набљудувач е одделен ентитет кој ги набљудува физичките системи во процес, без тој самиот да е дел од нив. Така, средновековниот светоглед на органски, мистичен и теолошки светоглед бил заменет со механицистичкиот свет, во кој метафората на машината (прво часовникот, а подоцна во 20. век компјутерот) ги завладеала очните леќи на модерната ера. Во оваа епистема секоја сличност, за да се докаже, мора да се подложи на споредба: не би била прифатена се додека “нејзиниот идентитет и сериите на ралзичности не се детерминирани со помош на мера со заедничка мерна единица или според нејзиното место во некаков ред.”

Романтичното движење страсно се борело против метафората на „светот како машина”. Вилијам Блејк, живеејќи во периодот на Њутон и пред-Романтизмот, жестоко го бранел својот poetsko-антропозофски светоглед наспроти механицистичкиот хоризонт. Сепак, неговите рани предупредувања за мртвилото на њутоновиот свет биле игнорирани во заслепувачката надеж дека с#  би можело да се објасни со напредокот на науката и луксузот на технологијата (надеж која и денес локално и комерцијало опстојува). Романтичарите биле заинтересирани главно за квалитативното разбирање на шемите и ја сфаќале формата како шема на односи во организирана целост. Германските роматничарски поети и филозофи се вратиле кон Аристотелската традиција да ја истражат природата на органската форма, органзирана во „подвижнiot ред” (beweglische Ordnung) на природата (Гете).

Кант го претстави научното механицистичко познание како неадекватно средство за разбирање на животот. Тој беше првиот кој го разлачи и употреби поимот на “само-организирачки целини”, каде за него само-организацијата претставува клучно својство по кое органзимите се разликуваат од машините. Диференцијацијата на Кант подразбира дека деловите во машината постојат еден за друг, додека во еден организам деловите истовремено се произведуваат едни други; со други зборови, органските делови постојат едни за и со помош на други. Кант ги смета објектите на материjалнит свет како суштински неспознатливи; од гледната точка на разумот, тие служат само како сиров материјал од кој се обликуваат сетилните сензации. Објектите само по себе и сами од себе не постојат, а просторот и времето егзистираат единствено како делови од умот, како „интуиции” според кои перцепциите се мерат и просудуваат. Во 20. век неговата филозофија најде силна потврда во научните експерименти.

Придвижувањето на интересот од деловите кон целината во првите децении на 20. вел претставуваше почеток на след на промени, кои еволвираат во нова епистема - системска наместо механицистичка. Главната одлика на системската мисла е дека се сосредоточува на односите, додека елементите и нивните својства ги разгледува како последователни ефекти на односите и на координацијата на процесите на продукција кои тие односи ги претставуваат. Подоцна системската мисла зарони уште подлабоко: од односите се префрли на истражување на она што им е преегзистентно – матрици на потенцијална спојливост. Но како дојде до таква смела замисла?

Филозофот Кристијан фон Еренфелс беше првиот кој го употреби зборот Гешталт (на германски, „органска форма”) во смисла на несводливи перцептивни шеми . Овој поим подоцна ја инспирира школата на Гешталт психологијата, чиј главен придонес лежи во едноставното сфаќање дека „целината претставува повеќе од збирот на своите делови” . Овој постулат потекнува од согледувањето дека живите организми ги перцепираат нештата не како изолирани елементи туку како интегрирани перцептивни шеми или организирани целини, чие значење се менува индивидуално и контекстуално, перцептивни целини кои покажуваат својства отсутни во сите нивни делови.

Преминот во дваесеттиот век сигнализираше со цела серија откритија во повеќе научни области, кои ги изместија темелите на механицистичкиот светоглед и антропоцентричната епистема. Општо движење од механистичка функција кон „органска” (подоцна развиена во „системска” или „динамична”) организација се случи скоро истовремено во биологијата, психологијата и во квантната физика. Митот за стабилната и неделива метричка или материјална единица (честичка или информација) на универзумот се раствори кога субатомскиот свет се покажа исткаен од бесконечно меѓусебно-пропоени матрици на спојливост - и никакви елементи. Експерименти го докажаа влијанието на набљудувачот на резултатот на набљудуваниот процес и така го разорија неоснованиот мит за објективноста.

Сево ова доведе до потресно откритие за една подлабока стварност и за нови можни односи меѓу природата на материјата и човечкиот ум, многу поинтимни и пофункционални отколку што се претпоставувало во светот на Њутон. Придвижувањето на парадигмите во науките имаше ефект во соодветно придвижување и во социјалните науки. Интелектуалната криза на квантните физичари на дваесеттите години на минатиот век ја повлијае општата епистемологија на нашето доба: кога старите дефиниции на она што може и не може да биде спознаено се променија, кога основните аксиоми се покажаа исправни само во ограничени области , старата епистема беше вознемирена и нов начин на размислување почна да се вообликува. Различни науки користат различни имиња за овој нов поглед, со мала разлика во значењето – динамичен системски, еколошки-односен или мрежен светоглед, со акцент на шемите на пропоеност.

Мислата на динамичните системи

Системскиот поглед подразбира да му се пристапува на системот како на целина сочинета од делови кои се во внатрешно-зависен однос. Еколошки односен поглед значи да се разбере на кој начин системот е вметнат во својата природна и социјална средина. Динамичната системска мисла, ко што е нејзиното полно техничко име, е не-антропоцентрична: светот е мрежа на феномени кои се суштински пропоени и внатрешно зависни, а човечкото битие е преплетено со светот со секој аспект на своето постоење. Сликата на светот како мрежи вгнездени во други мрежи, или као отворени системи вложени во поголеми системи, се прошири од областа на физиката преку полињата на човечките науки. Главната промена на фокусот прејде од елементите кон односите на меѓузависност. „Систем” почна да значи интегрирана целост чии есенцијални својства произлегуваат од соодносите и интеракцијата помеѓу деловите а не од самите делови. Теоријата на динамичните системи се разви во кибернетика, теорија на хаосот, фрактална геометрија и холограми; истражувањата беа блиско поврзани со биологијата, хемијата и неуролошките проучувања. Новопронајдените концепти се преведени во човечките науки: ја повлијаеја психологијата и разбирањето на човечкото битие воопшто. За да видиме како точно ова сфаќање се промени, во следното поглавие можеме да ги разработиме својствата на системската мисла:

Систем

Зборот „систем” доаѓа од старогрчкиот збор synhistanai, што значи „да се постави заедно”. Да се разберат нештата на системски начин значи да се постават во контекст, да се изнајде природата на нивните односи со сопствената околина и да се истражат кои својства и како, се појавуваат на различни нивоа на организација. Да се мисли системски значи да се разбере како системот оперира како целина сочинета од вгнездени делови, како таа целина комуницира со сопствената околина и, најбитно, што се создава при функционирањето или животот на системот. Ниту системот ниту неговите делови не се мерат по хиерархиска вредност или величина: системите, kaко вгнездени составни делови или kaко мрежи во развој, се разликуваат единствено по нивоата на комплексност и по карактерот (шемата) на нивната организација. Да се мисли системски значи да се tretira системот kaко дел од поголема целина, одн. dа се набљудува како системот е меѓузависен со други комуницирачки системи. Доколку се концентрираме на системските односи на продукција наместо на неговите елементи, можеме да го сфатиме системот како мрежа која одржува креативни односи. Исто, можеме да го согледаме секој дел од системот како мрежа вметната во својата контекстуална или околиска мрежа при штп секоја мрежа или дел воспоставува специфична продукција. Секој јазол во мрежата сам се разложува под обзервација во мрежа од јазли, итн.

Динамичната системска мисла е суштински ориентирана на процесите na продукција. Секоја структура се согледува како позитивна манифестација на длабински негативни процеси. Таа е контекстуална, наспроти картезијанската аналитичка мисла: се концентрира на основните принципи на организација во и вон системот. Во картезијанската парадгима научните описи се сметаат за објективни – т.е., независни од опишувачот и процесот на познание. Следејќи ги експериментите кои го истражуваат необичното оденсување на субатомските честици, Хајзенберг го вклучи и набљудувачот како влијателен агент на промена. Со негови зборови, „Идентификацијата на конкретните шеми како ‘објекти‘ зависи од човечкиот набљудувач и процесот на познание.” Опити во физиката докажуваат дека присуството на набљудувачот го одредува исходот на набљудуваниот процес. Набљудувачот воспоставува функционален однос со набљудуваното и така станува полноправен, фунционален и влијателен со-дел на околината на набљудуваниот феномен.

Основни претпоставки на системската мисла

Природата на целината е повеќе од сумата на нејзините делови. Есенцијалните својства на организмот, или живиот систем, се својства на целината, кои ниеден од деловите не ги има. Својствата на целината се својства на интеракциите и односите помеѓу деловите и исчезнуваат кога целината е уништена. Еден систем или еден дел покажува нови својства секогаш кога воспоставува нов сооднос или збир од нив.
            Својство на сите живи облици е тенденцијата да формираат системи вклопени во системи, организирани во структура од повеќе нивоа. Овие нивоа се разликуваат по нивото на комплексност. На секое ниво на комплексност набљудуваната појава пројавува својства кои не постојат на нивоата со пониска комплексност. Својствата кои се појавуваат само на одредени степени на комплексност се нарекуваат, логично, “појавни својства”.

Претходно напоменавме дека својствата на деловите не се внатрешни туку контекстуални, или околиски. Ова е сеуште една сомнителна изјава. Од перспектива на квантната физика, воопшто и нема делови. Она што го забележуваме како дел е само арбитрарна неразлачива шема во мрежа на соодноси. Системската мисла се фокусира на односите ко од примарно значење, додека објектите се земаат ко вештачки омеѓени целини, граници формирани со фрактална прогресија на шеми. Како таков, објектот е (моментален) продукт на неговата (моментално) воспоставена пропоеност. Погледнете ја својата кжа: она што изгледа како црста површина, доверлива граница на вашето физичко јас, на атомско ниво е празен простор ретко населен со атому во огромни движења. Полињата кои настануваат при овие движења овозможуваат да не се претопите со својата околина. На субатомско ниво, вашите атоми се појавни феномени на матриите на спојливост на вашата кожа. Правилата на спојливост и неспојливост на суубатомско, атомско, молекуларно ниво и на вишите организациски нивоа се она што ви дава облик. Фракталниот развој на матрици на спојливост содржани можеби вашето тело ви ја доделува специфичноста на физичкиот облик во овој временски миг. Но сега замислете се себеси како серија на тела низ времето, од ембрио па до смртта, каде секое тело зазема еден миг на линија на последователни мигови . Промените кои овие тела ги идразуваат се дефининрани од шемите на спојливост во фрактална прогресија и се една варијанта на истражување на можностите на множеството споеви чиј потенцијал го носат основните матрици. Матриците на спојливост кои ги дефинираат промените на објектот низ времето му ги даваат временските и просторните граници формирани со фрактална прогресија на истата матрица.

Дел, целина или нешто трето

Она што можеме да го разлачиме како дел или целина е јазол во мрежа. Секој мрежен јазол би можел да биде сметан и како целина и како дел, во зависност од перспективата. Еден мрежен јазол ќе им изгледа како целина на оние делови под неговото ниво на комплексност (so ponizok stepen na organizacija), но ќе им изгледа како дел на целините од нивоата со повисок степен на комплексност (so povisok stepen na organizacija). Способноста да се менува oваа несигурна и нестабилна перспектива го овозможува коегзистирањето на спротивставените тенденции во системот: независност и интеграција, индивидуација и заедништво, борба и соработка.

Еден дел се подредува и се припојува кон повисоко ниво на комплексност поради она со koe mu e potrbno да се интегрира. Шемите на интеграција никогаш не се на истото ниво со интегрираните делови, туку на повисоко ниво на комплексност . Еден дел обликува врски кон пониски нивоа за да контролира други делови или да постигне манифестација.

Секој мрежен јазол поседува одреден степен на автономија и само-зависност. Само-зависноста е својство кое се појавува на одредено ниво на комплексност; ја опишува способноста на делот да манипулира со својата околина независно од поголемата целина. Само-зависноста ја осигурува организационата стабилност на деловите и нивната способност да ги преживеат флуктуациите и вознемирувањата без помош од мрежата. Подредувањето според повисоките нивоа ја обезбедува ефективната организација на поголемата целина и им овозможува пристап на деловите кон ресурси и појавни својства кои постојат единствено на нивото на целината.

Секоја целина е директно влијаена од нејзините делови и од односите помеѓу нив. Една мрежа ја досегнува својата максимална proudktivnost со stremewe kon najvisok stepen na подредување на пропоеноста на сите нејзини делови. Квалитетот на мрежата зависи од квалитеот на пропоеноста меѓу деловите и нивната соработка со повисоките нивоа на организација. Висок степен на организација подразбира системи со висока комплексност, флексибилност и ресурси – ова се одразува како развиена способност на множество на избори, промена, креативност и ефикасност во животните процеси. Системска флексибилност значи степен на флуидност (мекост, способност да се промени но истовремено и да се задржи основната природа, ко на пример, водата) во однос на внатрешни и надворешни пореметувања, додека степенот на прилагодливост се однесува на флуидност при организациски и структурални промени – со други зборови, ја опишува способноста на преживување.

Системската мисла означува придвижување на перспективата од објекти-ко-нешта кон објекти-ко-соодноси. Додека механицистичката перспектива дозволуваше единствен свет како збир на објекти, системската мисла им отвори пат на светови на шеми на можна пропоеност.

Квантна физика: Крај на линеарниот свет

“Една елементарна честичка не е независно постоечки ентитет неподложен на анализа.
Таа е, во суштина, збир на односи кои посегнуваат нанадвор кон други нешта.”

– Хенри Стап

Мора да било општ шок за физичарите во дваесеттите години на минатиот век, ко што е и денес, да присуствуваат на опитите од квантната физика при кои секој навидум цврст објект се раствора во бранолики шеми на субатомско ниво. Овие шеми не се ниту цврсти ниту стабилни; тие не одредуваат елементи, туку можности. Уште повеќе, овие шеми не пројавуваат можности на објекти, туку можности на взаемна пропоеност. Светот се менува во множество на виртуални светови на можности, што ги поткрепува филозофските идеи на Лајбниц: универзум во кој дивергентни серии создаваат и истражуваат бескрајно бифурkaciski патеки. – Хаосмосот на Делез.
            Светот на Њутон беше единствен и линеарен: беше заснован на надеж повеќе отколку на доказ, дека с# она што се случува има една одредена причина и предизвикува една одредена последица, и дека иднината на eden системски дел може да се предвиди со апсолутна сигурност, доколку неговата состојба е позната во eden временски момент во детал. Метафората на светот и неговите делови ко машини падна на испитот на субатомскиот свет; квантната физика не изрази вера во егзактни пресметки, бидејќи позицијата на честичката и мигот во кој честичката е на таа позиција не можат да бидат познати едновремено. Квантната физика го воведе поимот на приближно, наместо егзактно знаење. Физиката и филозофијата ни претставија свет на повеќе рамноправни причини и последици na случувањата , на нелинеарни ланци на лабаво поврзани настани, на множни реалности, кои се одвиткуваат како актулеизирани можности од шемите на пропоеност. Времето и просторот, а и постоењето воопшто, го загубија безбедниот темел на линеарност, предвидливост и постојаност.

Пред-њутоновската претстава за цикличните povtoruvawa денес е рафинирана во теоријата на Хаосот. За разлика од митското вечно повторување на Истото, хаотичните осцилации, без оглед на тоа колку си наликуваат едни на други, се секогаш уникатни. Секое хаотично движење влегува во временската маса на минати движења кои како целина ги дефинираат можните идни движења. Системот никогаш не се повторува, туку спонатно се преобликува во нови форми на уреденост карактеризирани со повисока комплексност. Системите, што се подалеку од термален еквилибриум, стануваат с# поосетливи, с# до степен на непредвдивлиовост. Минијатурни промени во првобитната состојба на системот ќе одведат до опсежни последици со време. Од буквално иста појдовна точка две траектории ќе се развијат во сосем различни правци, што го оневозможува долгорочното предвидување – популарно наречен Ефектот на пеперугата. Фракталната геометрија укажа на друга карактеристика на само-организирачките системи – само-наподобувањето: шемата на целината е слична сама на себе на сите нивоа на организација. Сите нивоа и делови се слични без некогаш да бидат идентични: целината во фракталната геометрија се зема како секвенца на шеми вгнездени во шеми. Акцентот на наподобувањето, повторно, не се однесува на елементите (ко што раката по форма не е слична со белите дробови), туку на организацијата (раката и белите дробови следат иста шема на пропоеност, на пример, во тенденцијата да формираат слоеви на ткива, одн.а системи на различни типови на пропоеност на клетките).

Безмозочен ум

Метафората на Њутон не беше последната која изгуби на актуелност во 20. век. Изнаоѓањето на дигиталниот компјутер од страна на Џон фон Нојман ја воведе аналогијата помеѓу функционирањето на комјпутерот (вештачка интелиенција) и мозокот, која ја доминираше науката и популарниот светоглед и сеуште е моќна. На човековиот ум му се приоѓаше ко на компјутер; когнитивниот процес беше опишуван ко процесирање на информации, т.е. манипулација со симболи базирана на збир од правила. Сепак, оваа метафора не се одржа предолго, како што неуролозите укажаа на јасната разлика меѓу мозокот и умот, докажувајќи дека главнината на менталните активности не се извршуваат во мозочната област (памтењето, на пример, не се складира локално, туку дистрибутивно, во неуролошката мрежа на целиот нервен систем, и тоа на начин кој е сроден на холограмскиот). Скорите истражувања покажуваат дека нервниот систем функционира на база на “масивна пропоеност” на нелинеарен начин (што значи дека нема линеарни секвенци на поврзување на информации, туку поврзувањето се одвива симултано во сите правци одеднаш), и уште повеќе, покажува способност на само-организација. Мислењето, како процес, ги зафаќа денес неразделивите области на искуството, чувствата и сетилните сензации; Сантјаго теоријата понуди понапреден поглед на менталноста и когнитивноста ко атрибутивни за секој жив систем воопшто: “Умот не процесира информации во смисла на дискретни елементи кои се пре-егзистентни во однос на надворешниот свет. Когнитивноста (познанието) се состои од интеракцијата на системот со неговата околина каде тие обата постојано ги модулираат своите структури.” И поважно, околината не е Нешто, неделив апстрактен ентитет, туку конгломерат од различни независни когнитивни системи, само-зависни мрежи испреплетени со системот под набљудување. Оваа околиска мрежа е во процес на ко-еволуција со системот, му се приспособува на системот (во иста или слична мера во која системот &  се приспособува на околината) и ја менува својата структура како што системот се менува. Системот и неговата системска околина ко-еволуираат, или со-спознавааат (ко-когниција) заедно; ако ја употребиме терминологијата на Делез, тие настануваат заедно.

Илја Пригожин и однесувањето на дисипативните структури

Физиката на Њутон функционира сосем добро доколку системот е изолиран од својата околина. Изолираните системи се исто наречени “идеални” или “затворени”, што значи дека се одделени од влијанијата на својата околина. Во безмилосно неидеалистичната реалност, затворени системи не постојат, а степенот на отвореност расне во живите видови. Степенот на постојана промена, кој флуктуира помеѓу апсолутен мир и апсолутно движење но никогаш не досегнува ниеден од половите, овој степен ги разлачува живите системи од неживите. Комплексните и живите системи се отоврени кон постојан флукс на материја и енергија од нивната околина. За разлика од затворените системи, кои се смируваат во состојба блиска до термален еквилибриум, отворените системи престојуваат, се развиваат и се само-одржуваат далеку од еквилибриум во стабилна состојба карактериризирана од постојан проток и промена, во состојба на динамична рамнотежа. Сложеното однесување на отворените системи далеку од еквилибриум го инспирирало Нобеловецот од руско потекло Илја Пригожин да ги истражува феномените поврзани со нив. Тој ги има наречено дисипативни структури.

Еден жив систем е дисипативна структура. Таа е организационо затворена а енергетски отворена: останува автономна во смисла на сопствените правила на организација, додека е отворена кон својата околина преку постојан проток на материја и енергија. Размената, ко-еволуцијата со околината не ги условува организационите правила на системот. Системот одговара на надворешни импулси во границите на флексибилноста според своите сопствени правила, а во соглас со сопственото подредување и однесување. Под одредени услови системот може но и не мора да одговори и со структурална промена. Сепак, оваа структурална промена, доколку се појави, не ја следи организцијата (редот) на околината, туку организацијата на системот. Така системите можат да си бидат околиски “соседи”, можат да бидат испреплетени, вгнездени еден во дргу, во комуникација, во меѓу-познание (интер-когниција), а сепак да останат автономни во своите организациони правила. Уште повеќе, комуникацијата помеѓу системите може дури и да ја засили различноста на системот: комуникацијата може да ја засили токму онаа црта која во односот се појавува како специфична црта по која едниот систем строго се разликува од другиот (ова својство е битно доколку го разгледуваме процесот на индивидуација, во подоцнежниот текст именуван како процес на кристализација на шеми на пропоеност). Интеракцијата не ја одредува организацијата на ниту еден од системските компоненети кои влегуваат во комуникативниот процес.

Кибернетика: Повратни спреги и само-организација


“Ние сме само вирови во река во вечен ток.
Не сме нешто што стои, туку сме матрици кои се множат.” - НорбертВинер

 

Шемите на комуникација и нивната организација се главниот предмет на интерес на кибернетиката . Норберт Винер, еден од учесниците на славните Мејси конференции , ја понудил кибернетиката како наука на унифициран пристап кон проблемите на комуникација и контрола во човечкиот и животинскиот род. Слично на Грегори Бејтсон, кој ја барал “шемата која поврзува”, и Винер бил опчинет од шемите.
Винер го вовел оригиналниот кибернетски поим на повратна спрега (feedback), денес очигледна иако во тоа време генијална дискриминација, које е битна при сфаќањето како живиот систем се стекнува со способноста на само-организација. “Повратната спрега е циркуларна поставка (аранжман) од каузално поврзани елементи, во која првобитниот причинител се размножува преку спојките на спрегата, така што секој елемент влијае на следниот, с# додека последниот не го “врати” ефектот назад на првиот елемент на кругот . Влезната спојка е влијаена од излезната: оригиналниот причинител се модифицира под фидбекот, и така го модифицира првиот причинител на следниот круг . Ова резултира со само-регулација на целиот систем. Сфаќањето на повратната спрега подоцна се промени со автопоиетичката когнитивна теорија, која го одби поимот на пре-егзистентни надворешни информациски единици кои влегуваат во когнитивниот систем: информацијата се создава внатре во системот каде патува, toa e informacija za razli~nost i promena, a ne za nadvore{enost, i ovaa infomacija се менува и се прилагодува кон различни нивоа на комплексност.

Издвојувањето на повратната спрега одведе кон подлабоко разбирање на системското однесување: способноста на системот да генерира повратни спреги се пројавува со способноста на системот да се регулира сам себе. Со други зборови, фидбекот е она што му овозможува на системот да го превреднува својот влезен причинител (“учење од грешки”) и да се пре-организира сам себе во подобрена структура.

 

Хаосот како извор на ред

Џејмс Лавлок и Лин Маргулис со нивниот експеримент “Свет на маргаритки” (Daisyworld) покажаа дека физичките процеси спонтано формираат подредени шеми и се однесуваат на идиосинкретичен начин кој продуцира ред. Илја Пригожин покажа дека во отворените системи токму дисипацијата и кризата стануваat извор на ред:

Дисипативните структури не само што се одржуваат сами себе во стабилна состојба далеку од термален еквилибриум, туку можат дури и да еволуираат, што е несвојствено за структури блиски до еквилибриум. Кога токот на енергијата и материјата низ нив се зголемува, влезот и излезот се интензивираат, а само-засилувачките спреги можат да ги преминат праговите на стабилноста . Системот може да помине низ серија на нови нестабилности и да се трансформира во нови структури со повисока комплексност. Навидум контрадикторно, експериментите покажуваат дека само-регулацијата станува с# постабилна што комплексноста на моделот е повисока и дека нови структури и нови форми на однесување се појавуваат единствено кога системот е далеку од еквилибриум. Овој заклучок, извлечен од едноставни хемиски процеси, стекнува полна моќ кога се става во контекст на фунционирањето на човековиот ум:
Можеме да го опишеме умот како дисипативна структура, организациски затворена и околиски отворена, когнитивен само-организирачки систем кој едновремено поддржува две темелни тенденции: да си ја  одржува стабилноста, но и воедно да се оддалечува од еквилибриум повишувајќи си ја комплексноста. Сега можеме да предложиме уште една изјава: Кризната состојба е она што го одредува движењето на еволуцијата, каде кристализацијата на шемите и процесите се случува.

 

Бифуркациони точки

Само-организационата црта на дисипативните структури вклучува способност на само-врамнотежување и само-засилување на своите повратни спреги. Само-засилувачките спреги можат да го туркаат системот с# подалеку од еквилибриум с# додека овој не го досегне прагот на стабилноста. Со други зборови, доколку системот се однесува на ист начин доволно долго време, порано или подоцна ќе досегне кризна или трансформациона точка . Оваа точка, преку прагот на стабилноста, се нарекува “бифуркациона точка” бидејќи во неа системот “бифурцира”, или се разгранува, во нова, непредвидлива насока.
Претставата на системите не е атемпорална; подобро кажано, темпоралноста е вгнезена во, или едноставно е структурата на системот. Сепак, ќе треба да бидеме претпазливи кога размислуваме за системската темпоралност – на прво место, таа не е единствена; би требало да се каже дека говориме за системско множество од темпоралности, на необичен начин завиени или одвиени, испреплетени или паралелни, симултани и алинеарни, кои ја творат видливата структура на системот. Секоја дисипативна структура има своја историја: одреден след на структурални промени низ кои системот поминал, поврзани преку одреден збир на конзистентни организациони правила. Една структура суштински е сочинета како запис на своите претходни структурални промени и овој запис ги насочува можните бифуркации кои се појавуваат преку прагот на стабилноста. (Доколку се сетиме на можноста за коегзистенција на повеќе рамноправни истории, нештата стануваат уште поинтересни) Историјата на системот го одредува она што може да се случи на критичната точка. Патеката која системот ја зел да ја досегне точката на нестабилност ги одредува патеките кои ќе ги создаде и следи преку прагот на стабилноста. На точката на нестабилноста спонтано може да се изроди нов облик на ред и комплексноста може да се повиши, или системот едноставно може да се сруши, ако неговата историја не му дозволува доволно флексибилност за нужна соодветна промена. На овој праг постоечката рамнотежа на структурата (или на историјата) се става на испит, а ова се манифестира како организациска криза: системот или ќе се пре-организира или ќе имплодира.

Пригожин открил дека една дисипативна структура далеку од еквилибриум не следи никакви универзални правила, туку правила уникатни за системот. Блиску до еквилибриум наоѓаме повторливи појави и универзални правила во полна моќ. Подалеку од еквилибриумот, локалните појави и правила се пројавуваат во непредвидлива а сепак подредена разноликост. Блиску до еквилибриумот процесите се минимални, со низок интензитет. Однесувањето на системите е превидливо и тежи кон стазис. Како што системот се оддалечува од еквилибриум, наместо да тежи да се врати назад кон состојба блиска до неподвижност, системот ги интензивира процесите, ентропијата се покачува, флуктуациите ги засилуваат своите амплитуди и системот не тежи повеќе кон мир. Далеку од еквилибриум системот може да го премине својот праг на стабилноста што може да води кон с# повисоки степени на комплексност. Што подалеку и подалеку, способноста за само-организација се повишува, а уредувањето на системот сочинува посуптилни и подиференцирани облици на врамнотеженост. Не е чудно ако системот сам се труди да изнајде стратегија на сопственото изведување од рамнотежа за да досегне нови диференцијации и повисоки облици на уреденост.
Преку прагот на стабилноста оденсувањето на системот не може да се предвиди поради неколку причини. Висок степен на комплексност математички се опишува во облик на нелинеарни равенки. Овие типично имаат повеќе од едно математичко решение. Нелинеарното однесување на бифуркационите точки значи повеќе од една бифуркациона патека. Ова ја нуди авантуристичката замисла на множни виртуални стварности кои актуелизираат множни бифуркациони патеки, или симултано ги актуелизираат сите можни решенија на нелинеарната математичка равенка. Живиот систем акумулира повеќе веројатности или шеми на потенцијална пропоеност во својата историја за да ја повиши својата комплексност, флексибилност и подредување, т.е. својата способност да преживее. Претходно напоменавме дека преку прагот на стабилноста осетливоста на системот на надворешно влијание е огромна, така што најмалиот влез може да одреди која патека системот ќе ја преземе. Заедно со множните решенија, ова води кон неможност да се одреди однесувањето на системот при трансформациска криза. Ко што комплексноста расне, ентропијата се наголемува, а исто и бројот на веројатни патеки кои системот ќе ги актуелизира. Така, не-еквилибриумот и непредвидливите бифуркации можат да се согледаат, изненадувачки, ко извори на порафинирани облици на ред. Создавањето на новоста во редот и во однесувањето се појавуваат ко спонтани животни процеси.

Можеби еден од најважните заклучоци кои можеме да ги изведеме од истражувањето на Пригожин е кога системот почнува да се однесува како целина. Пригожин, говорејќи за хемиски процеси, тврди дека тоа се случува токму на точките на трансформационите кризи или на точките на транзиција од еквилибриум кон не-еквилибриум, кога супрамолекуларните (или моларните) корелации се појавуваат, преземајќи ја организацијата на интрамолекуларната организација и од таа точка понатаму системот се однесува како целина.

Белешки (во превратен ред):


Повеќето луѓе живеат според еден збир на матрици на однесување додека не ги исрцпат сите креативни актруелизации на ови ематрици. Потоа настануваат виши системски кризи (како барање на смислата на животот, или пат во непознатото, или авантура), односно потреба од развој надвор од секое претходно искуство. Овие кризи луѓето обично ги одбегнуваат со антидепресанти, хедонизам, скептицизам, ескапизам, аскетизам, револуција или друг облик на затапување на чулото за внатрешна апстрактна организација. Ако кризата се засили, свесно или неизбежно, ако премине над прагот на стабилноста (темната ноќ на душата на Кјерјегард) може да дојде до нова целосна реорганизација на системот или негов распад (пр. нервен слом).


Праг на стабилност: секој систем има дијапазон на дозволени флуктуации, граници во кои системот не се менува ниту структурално ниту организационо. Кога движењето во системот се приближува кон овие граници, велиме дека системот е “во криза”, а ако ги премине, системот е под прашање на преживување.

 


Името доаѓа од страогр!киот збор kybernetes – кормилар. Onoj koj go kontrolira pravecot na dvi`ewe, no ne i oblikot na brodot.

Кругот на Мејси конференциите бил формиран во 1946 и вклучувал некои од најсјајните мислители на тој период: Грегори Бејтсон и Маргарет Мид од хуманите науки, Норберт Винер, Џон фон Нојман (изнаоѓачот на дигитланиот компјутер, истржувач на квантната физика) и други. Главната цел на Бејтсон била да ги открие заедничките принципи на организација на разноликоста на животот – “шемата (матрицата, шарата) која поврзува”. Тој бил првиот кој го применил системското мислење во семејна терапиjа и развил концепт на умот втемелен во кибернетските принципи: природата на умот како системски феномен бил првиот успешен обид во науката да се надмине картезијанската шизма меѓу умот и телото. Сепак, тој останал во границите на претпоставката за постоењето на надворешен пре-егзистентен свет на информации, што подоцна било рафинирано во Сантјаго теоријата и во теоријата на системите.

  “Повратните спреги се апстрактни шеми на односи вгнездени во физички структури или во активностите на живите организми. Кибернетиката јасно укажа на разликата помеѓу шемата на организација на системот и неговата физичка структура.” (Капра, “Мрежа на животот”, стр. 53)

Ibid. 56

Постојат два типа а повратна спрега: само-врамнотежувачка и само-засилувачка. Првата ги изедначува изведбите на шемите на однесување и го води системот кон рамнотежа, а втората издвојува една шема и ја повторува (најчесто на сметка на други шеми на однесување во системот), додека силата на изведбата се засилува со секој  завршен круг.

 


Вернер Хајзенберг (Werner Heisenberg) еден од основачите на квантната теорија, напиша: “Светот така се појавува како комплицирано ткиво на случувања (настани), во кој споеви од различен вид се изменуваат меѓусебно или се преклопуваат или се комбинираат и така го одредуваат ткаењето на целината.” (цитирано во “Мрежата на животот” од Фритјоф Капра, стр. 30) Физичарот Џофри Чу (Geoffrey Chew) во седумдесеттите ја претстави таканаречената “филозофија на помошната врвка” (“bootstrap philosophy”)  во која материјалниот свет се гледа ко динамична мрежа на меѓусебно поврзани случувања. Акцентот кој би сакале да го понудиме во светогледите е на случувањата наместо на било какви елементи, својства, или функции.

 

Се тврди следново: едно случување може да има повеќе мината, односно повеќе причинско-последични ланци се рамноправни причинители на неговото збиднување. Нема единсвен ланец кој води од Создавањето до денес. Исто како што иднината може да се одвива во многу различни правци, така и минатото има тенденција да ни го стори истото.

 

Od ova proizleguva objasnuvawe na ona pragmati~no pravilo deka re{enieto na problemot nikoga{ ne e na nivoto na problemot.

 

Iako migot e nepostoe~ka, apstraktna, imaginarna edinica na vremeto, isto kako {to e i brojot nepostoe~ka, imaginarna edinica za merewe na telata.

Pozitivno i negativno vo smsila na pozitiv i negativ na film, kako {to post-strukturalizmot se definira sebesi kako negativitet vo odnos na pozitivizmot na racionalisti~kiot optimisti~ki svetogled.

Маарлан Скари (Maarlan Scurry) извеl опит со фотонски ласер, подоцна наречен “опит на квантниот бришач”, кој покажа дека фотоните се однесуваат ко да знаат што ги очекува на крајот на нивната траса. Патеката која фотонот ќе ја превземе на бифуркационата точка е “спонтано” избрана според она што набљудувачот го поставил на крајот на трасата. Не е можно фотонот да “знае” што го очекува, но negoviot набљудувач vo eksperimentot знае. Пол Дејвис од овој експеримент заклучува: “… специфичната природа на минатата реалност … не е сосем фиксирана с# додека целиот експеримент не е завршен. Дури и otkako сигналните фотони се заблежани, записот на минатото останува не  само незавршен туку и нерешен…” (Пол Дејвис, За времето, стр. 176) Ova odi vo poddr{ka na intuitivnite sogleduvawa na sistemskite psihometodi i NLP deka ne samo idninata e neodredena, tuku i minatoto. Posledica : vo sekoj mig ~ovek ima mo} da ja promeni svojata idnina, i svoeto minato.

 

На пример, законите на Њутон и на термодинамиката, кои ја задаваат основата на нашето секојдневно функционирање, се покажаа дека се “на власт” само во системи блиски до состојба на еквилибриум, додека се избегнуваат во вселената далеку од планетарното влијание, или потполно исчезнуваат како што системот се оддалечува од рамнотежна состојба- нерамнотежата претставувајќи нормала и услов за преживување кај живите системи.


Vidi ja bele{kata broj 12

 


Pattern: шема, шаблон, matrica или шара: она што ја подредува содржината или материјалот vo razli~ni kombinacii na ostvareni spojlivosti. Не се однесува на формата која е циркумференција на материјалот, туку на еден, да речеме,  внатрешен ритам кој се може да се пројави на непрепознатлив начин во она што го обликува. Суштински ниедна форма ниту материјал не ја одразува шемата: оваа е повеќе организациски принцип кој, еднаш актуелзиран, веднаш нужно се менува.

Во Вајмарската Република на дваесеттите, органистичката биологија и Гешталт психолигијата биле обете дел од поширокото интелектуално движење против раснечката фрагментација и алиенација на човечката природа. Овој револт бил против механицистичкиот пристап, а неговиот “потпис” била потрагата по целиствост. Гешталт психологијата &  беше основа на револуционерната Гешталт психотерапија во шеесеттите години, која ја нагласува интеграцијата на личните искуства во смислени целини.

Гете: “Секое суштество е само шематизирана градација (Schattierung) на една голема хармонична целина.”

Картезијанскиот раскол, на пример, помеѓу телото и умот исто така остана длабоко вкоренет во Просветителството до денес.

Фуко, во “Археологија на знаењето”, брилијантно ги опишува легислативните критериуми на вистинитоста и нивните промени низ времето.


zemete gi za primer hirstijanskite ~uda - dali se povtorlivi ? Vo ovoj pogled mnogu ponau~na i popozitivisti~ka e magijata, koja nudi sekvenci na akcii koi vodat kon predvidliv i povtorliv rezultat.

Ibid, стр. 191

 

 

Zipped Word Format

   versions  

 

Системската парадигма

Автопоиезис

Позицијата на субјектот

Мрежен ум

 

 

Afghan Journals - Blog

Quick links:

Articles / Текстови :

Fiction / Проза :

Theses / Тези :

Translation / Превод :

Poetry / Поезија :

Gallery

Мој блог - Покана за колаборативен превод на Руми, и нешто лично


WWW Ana's Home



 

View Ana Pejcinova's profile on LinkedIn

back to the top || назад кон врвот

 
 

back to the top || назад кон врвот

Creative Commons License

Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).

 

 

 

Бackground graphics developped by