The Home Page of Ana Pejcinova

T h e  W a y  o f  D r e a m s : T h e  O r p h a n
 
 
 

Минатото се враќа

 

 

Џон отшета до една странична канцеларија чии прозорци гледаа на салата, но сега беа покриени со ролетни. Чукна на вратата.

„Да,“ машки глас одговори. Џон направо влезе затворајќи ја вратата зад себе.

„Ти старо копиле! Не сум те видел петнаесет години,“ човекот во канцеларијата скокна од своето седиште.

„Немој ти мене ’копиле’, Ралф, полош непрокопсаник си и од мене, морам да ти оддадам чест,“ се насмеа Џон во возврат, прифаќајќи ја мечјата прегратка од човекот.

„Каде беше до сега? И кој ѓавол сега те носи овде? Бре, бре, добро е да се види старо познато лице, посебно кога е твое.“

„Добро е да се видам? Мислиш, немаш ништо за криење? Немаш телесни заштитници и рекетери во клубот?“

„Знаеш, не-рекетери и да-телесни заштитници, ко секогаш - мора од нешто да се живее,“ си призна безгрижно Ралф. „Меѓутоа, моите заштитници не повредуваат никого друг освен вистински напаѓачи. Знаеш како им го набивам тоа во глава да го следат етичкиот кодекс. Уште на клоци лета секој што ќе го прекрши, а тепам сеуште сосема темелно. Како и да е, на градов му е подобро да биде преплавен со мои добро воспитани борци отколку со нечии други,“ се расмеа Ралф. „Ако јас и моите деца не ја нудиме службата, некој друг ќе ја нуди, и кој знае со која етика, ако воопшто слушнале за зборот. Сега дури се трудам да ги обучам момците да бидат и џентлмени, нешто што го пропуштив во твое време и сега можам да ги забележам жалните последици кај тебе. Каде беше до сега и зошто не си дошол да не’ посетиш?“

„Бев на страна и далеку,“ неодредено одговори Џон, „а сега имам некого за тебе за обука.“

„За обука? Баш се понадевав дека си дошол да ми помогнеш да ги обучувам напредните борци. Толку беше добар со контрола на здивот...“

Ралф си го преапа јазикот. Двајцата се погледнаа во очи, сеќавајќи се премолчано на последната борба на Џон.

Години порано, на еден спортски натпревар, се случи така што противникот на Џон среде борба се скамени загледан во просторот пред себе, додека Џон му нанесе серија удари на неподвижното тело. Џон беше прогласен за победник, но неговиот противник го обвини дека му го поседнал умот, бидејќи не можел да се мрдне под погледот на Џон. Џон го врати медалот и никогаш веќе не се врати во сала.

„Се откажав од тренинзи одамна и никогаш не им се вратив,“ меко рече Џон. „Во меѓувреме го изменив пристапот. Сега сакам да работам поединечно со млади луѓе, воглавно со ментални вежби. Тоа се новостите. Сепак, ова дете што ти го доведов вечерва, мислам дека може да има попрво корист од твоите ’безмилосни’ методи на дисциплинирање на телото. Морам да те замолам да ја држиш на око и да извлечеш најмногу што може да даде. Таа нема никакво искуство и не и’ оди лесно комуникација со други деца. Сакам да не ја сожалуваш. Таа може да го поднесе тоа сосема добро, да си ги разбие границите на она што мисли дека може и не може, и да не’ изненади обата – или сум очајно стар и сенилен. Обучи ја, а јас ќе и’ го обучам умот дома. Ајде заедно да изградиме еден прекрасен борец.“

„Секако,“ рече Ралф, изненаден од барањето да не го сожалува детето. „Ако така велиш. Но зошто самиот не ја увежбаш? Двајцата занеме дека можеш.“

„Е па, Ралф, стар пријателе, прво, сакам да мрази некого друг на почеток, а подоцна и да засака некого друг. Девојчето е сираче веќе долго време и живееше на улица до скоро; љубезност не и’ е позната и не знае како да биде блиска со луѓе. Би и’ дошло добро да има повеќе од еден старец со кого мора да се занимава. Анабела, твојата асистентка-тренер, дали и’ го памтам добро името? Анабела беше толку млада кога го напуштив клубот, а толку талентирана и тврдоглава. Не се сеќава на мене, за среќа. Покрај тоа, женски авторитет во животот на Лара би и’ дошол добро.“

„Сфаќам. Значи, се вика Лара. Колку години има?“

„Девет. Но однесувај се кон неа како да е постара. И уште една работа што морам да те замолам,“ додаде сериозно Џон.

„Што?“

„Морам да те замолам да не спомнуваш ништо, прво, за мене, ниту на Лара ниту на било кој друг, и второ, ништо за тоа дека Лара е сираче од улица на учениците. Има и премногу со што мора да се справува сега. Би можел ли така?“

„Да, можам, драг пријателе. Можам така да сторам иако не разбирам зошто. Анабела знае за твојата последна битка, тоа стана дел од фолклорот на салата, но аке не те препознала сега, нема да ја потсетувам. Каде е тоа твое девојче?“

Џон пријде до прозорецот на канцеларијата и дискретно ги подигна ролетните. Му ја покажа Лара на Ралф. Тренерот брзо ја процени.

„Жилава, можеби силна. Брзи движења, добро. Асиметрична положба, стопала во различи правци, свтикан ’рбет и главата ниско ја држи. Не си работел досега со неа, нели?“

„Не, ќе ти го препуштам сето задоволство да ја исправиш.“

„Види ја како гори да скокне да почне да вежба, нели?“ Лара навистина цупкаше на клупата со оџагорени очи.

„Да. Знаеш како е. На оние што изгубиле се’ мотивација не им фали во животот.“

„Ех, кој тренер може да одолее на такво нешто!“ Ралф се помисли. „Па, ќе има доста работа, но сум се справил и со потешки случаи.„

„Се справи со мене, а јас не бев баш лесен,“ Џон го потапка Ралф по грб. „Само однесувај се со неа како што се однесуваше со мене и ќе те мрази и сака ко што и јас те мразев и сакав.“

„Ќе биде така,“ одговори Ралф со широка насмевка и му ја грабна раката на Џон. „Ако не поради желноста со која девојчево ти се ѕури во моиве деца, тогаш поради нездравото задоволство да те гледам малку почесто.“

 

Лара почна редовно да вежба. Одеше во салата неколку пати неделно и напорно вежбаше со другите ученици. Понекога си се плачеше во самотија. Тешко беше. Понекогаш и’ изгледаше дека тренерите, стариот човек и жената, и’ се беа навртеле, очекувајќи од неа премногу и пребрзо, а никогаш не беа задоволни. Лара понекогаш немо ги мразеше, падната на под, облеана во пот, без здив, а сепак копнееше по нивната пофалба, по совршеното движење и став кои би предизвикале барем отсуство на критицизам ако не признание. Ова скоро и да не се случуваше на почеток; постојано ко да имаа нешто да ја поправат.

Трчаше со другите ученици се’ додека не се и’ се губеше свеста од напор, прашувајќи се зошто се ставила на таква мака. Од друга страна, сите околу неа просто продолжуваа да се трудат, паѓаа од премор и пак стануваа да ги повторат движењата без збор, по строгите барања на инструкторите. Никој не се откажуваше, па не можеше ниту таа. А на крај, по тренингот, додека се враќаше дома сама од салата, едно ново чувство на леснотија ја обезмаше и само ќе ја исмееше идејата да се откаже. Така ицрпена со тело, дух и волја, турната преку сопствените граници на издржливост, Лара искуси мир за прв пат во животот.

 

Џон и’ ги раскажа двете приказни на наевата која почетниците ја учеа. Секое движење и став одеа со по една кратка реченица. Приказната за шумата, онаа наменета за телото, беше релативно едноставна: Сврти се кон шумата. – Отвори ги гранките. – Скокни во шумата. – Заврти се налево, клекни кон земја. – Отстрани ја високата гранка надесно со нога. – Сврти се надесно, висок скок. – Види го ѕверот напред. Клекни. – Исчисти лево и десно. Фати ги шепите на ѕверот. – Скокни зад ѕверот. Заврти се. – Лев удар со нога, десен удар со нога, лев удар со рака, десен удар со рака, отфрли го ѕверот надвор од шумата. – Заврти се во круг, три чекора во шумата, ниско кон земја. – Отвори ги гранките. – Види извор напред, преврти се преку изворот. – Напиј се вода. – Три длабоки здива... Приказната продолжуваше како мала авантура во шумата.

Приказната за умот одеше поинаку: Заврти се, види ја темнината. – Со раце, направи отвор во темнината. – Скокни во отворот. – Сврти се налево, скриј се до земја. – Спушти го стравот на десно. – Сврти се надесно, скокни зад стравот. Соочи се со него. – Види го стравот пред себе. – Фати го стравот за корен. – Скокни зад стравот. Сврти се. – Пушти го стравот од темнината и фрли го во светлост. – Заврти се, прикради се три чекора во срцето на шумата. – Направи втор отвор во темнината. – Најди го изворот на светлина пред себе. Отвори го со тело. – Напиј се светлост. – Вдиши три пати од светлоста...

Лара ги запамети обете приказни и ги повторуваше во себе при секоја вежба на наевата, бидејќи ова и’ помагаше да го запамти правилниот редослед на движења. Почна да ја совладува првата наева и осети дека се подобрува, иако тренерите не го рекоа тоа отворено. Нивните забелешки, меѓутоа, со време се проретчија.

 

 

 

 

The Way of Dreams

Part I: The Orphan

(excerpt)

 

Ch. One: The Little Thief

One long conversation in the park

The story of the ugly crow and the eagle

Ch. Two: The Mountain Nest

The story of the silly little wolf-cub

The feathery guide

Ch. Three: The Way of the Body

Past times coming back

Ch. Four: Dreaming Together

The corridors of the mind

Ch. Five: School

Punch me

 

Патот на соништата

Прв дел: Сираче

(извадок)

 

Гл. прва: Крадец

Еден долг разговор во паркот

Приказна за грдata вранa и орелот

Гл. втора: Планинско гнездо

Приказна за глупавото волкче

Пердувест водич

Гл. трета: Патот на телото

Минатото се враќа

Гл. четврта: Споделен сон

Ходниците на умот

Гл. петта: Училиште

Удри ме

 

Short Stories:

 

The Joys of Love

The Snowflake

The Master and the Horse

The Man Whom Time Had

Човекот кого времето го имаше

The Strange Dream of the Hermit

The Book of Silence (unfinished)

 

 

Quick links:

Articles / Текстови :

Fiction / Проза :

Theses / Тези :

Translation / Превод :

Poetry / Поезија :

Gallery

Online References

Мој блог - Покана за колаборативен превод на Руми, и нешто лично


WWW Ana's Home

View Ana Pejcinova's profile on LinkedIn

Last update: February, 2008

back to the top || назад кон врвот

 
 

back to the top || назад кон врвот

Creative Commons License

Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).

 

 

 

Бackground graphics developped by