The Home Page of Ana Pejcinova

T h e  W a y  o f  D r e a m s : T h e  O r p h a n
 
 
 

Пердувестиот водич

 

 

Наредниот ден, Лара се разбуди повторно гладна, но ведра и опуштена. Го најде Џон во кујната како и’ подготвува појадок. И пак се прејаде и пак ја болеше стомакот потоа. Џон само весело се шегуваше со нејзините потиштени жалби, додека и’ вареше дигестивен чај. Разговараше со неа за работите што требаше да се сторат во врска со нејзиното останување кај него. Во текот на следните денови, и’ земаа облека и обувки, а Џон повремено исчезнуваше од куќата, носејќи некакви хартии и подготвувајќи документи. Еден ден влезе во куќата и повика по неа: “Честитам! Сега си Лара Гилмур, бившо сираче.“

Лара се насмевна од уво до уво без збор, чувствувајќи нешто необично во стомакот.

„Тоа се вика ’среќа’,“ и’ напомна од страна Џон.

„Да? Сум?“ си помисли таа, но само мирољубиво му промрмори на стариот.

 

Џон продолжи да и’ раскажува приказни секоја ноќ. Дење, Лара се научи на новата рутина на чистота и уредност во куќата, како и на домашните обврски кои Џон и’ ги назначи. Исто така, се научи да спие во вистинска постела. Привикнувајќи се на неговито мирен глас, почна однапред да им се радува на ноќните сесии. Понекогаш Џон и’ ги раскажуваше приказните во целост, а понекогаш ја оставаше таа да ги измисли нивните ликови, делови или настани од приказните. Меѓутоа, не беше се’ само ѕвезди и приказни за Лара. Како шо летото течеше, наскоро откри колку бара од неа стариот човек. На нејзино големо изненадување, требаше да оди на училиште.

„Но што има ова врска со крадење? Ми вети!“ воскликна таа, длабоко разочарана и спремна засекогаш да ја напушти куќата.

„Мислиш дека можеш успешно да крадеш од попаметни од себе?“ и’ одговори тој со ѓаволеста искра во очите.

„Како ’попаметни од мене’?“ му се спротивстави таа тврдоглаво. „Ништо паметно или стварно не не’ учат на училиште.“

„’Стварно’? Што е ’стварно’ за тебе?“ ја запраша заинтересирано Џон.

“Мислам... живот на улица, крадење, како да се снајдеш...“

„Тоа е ’стварно’ за тебе, се’ додека ти се допаѓа улицата, крадењето храна, и само да се преживува од ден на ден – само ова да биде сиот твој живот, од сега па до смртта, единственото и најголемото нешто што сакаш да го имаш и да го постигнеш. Дали ти е ова доволно? Бидејќи, можеш само тоа и да го учиш. Јас имав на ум поголеми дела. Мајсторски кражби.“

Лара, збунета, не му договори. Сиропиталиштето и улицата беа единствените стварни светови кои ги знаеше. Улицата беше подобра од сиропиталиштето; тоа таа го сакаше, подоброто во животот.

„Лара, можеш да се ограничиш на улицата, но можеш и да сакаш многу повеќе,“ меко го спушти гласот. „Можеш да сакаш се’.“

Можеше ли? Дали сакаше? Лара се премислуваше. „Ама само сум сирак... и крадам,“ наеднаш избувна бесно. „Не ме сакаат на школо! Имавме школо во сиропиталиштето, ги мразев!“

„Дали тие тебе те мразеа?“ Џон погоди дека ова ’тие’ се однесува на соучениците, а не на училиштето или наставниците.

Лара климна со глава, накострешена како мало животинче притиснато во агол.

„Прво,“ ја смири Џон, „не си сосема сирак. Родителите ти се можеби мртви или далеку, но сеуште се со тебе... во твоите мисли и соништа,“ додаде на нејзиното болно мрштење. „Друго, ќе одиш во ново училиште, кадешто никој не те познава. Дозволи ми да те потсетам дека склучивме договор: јас треба да те научам да станеш најдобриот крадец на светот, но ти мораш да го учиш она што го барам од тебе. Школата мора да се изучи за да станеш добар крадец. Се’ додека го почитуваш нашиот договор, можеш да живееш овде, но можеш слободно и да го раскинеш договорот и да си заминеш кога сакаш. Сега сум твој старател, ако сакаш да ме прифатиш како таков. Ако останеш, нема да барам ништо повеќе од тебе освен да разговараме и да учиш со мене, знаејќи дека не сум ти ниту вујко, ниту татко, ниту дедо, ниту било кој кого мораш да го слушаш. Ако заминеш, оставена си сама на себе и никакви последици нема да има од твоето бидување овде. Слободна си да избереш, и ова е твојот избор сега. Ќе останеш или ќе заминеш назад на улица?“

Лара мрачно го погледна. „Не ти верувам. Не можам да имам ’се’’!? И вети дека од мене ќе направиш добар крадец, а не да одам на школо!“

Џон молчеше едно време, стрелкајќи со очите во воздухот околу нејзината глава. „Ако птицата со сјајни очи и разнобојни пердуви те посоветуваше дали да останеш со мене и да одиш на школо или да се вратиш на улица, дали ќе ја послушаше? Дали на неа ќе и’ веруваше?“

„Да,“ инаетливо одговори Лара, “ама не е овде.“

Џон се насмевна и се опушти. „Тогаш добро. Ајде да видиме што птицата ќе каже на ова.“ Застана за момент и потоа гласот му се претвори во благо и далечно топотење на дожд во тивка ноќ. „Ќе те замолам да ги затвориш очите за момент...“

Лара ги затвори очите без да размислува.

„Можеш да го опуштиш телото. Стави ги стопалата во положба во која се одмораат. Пушти ги рацете да ти висат во крилото слободно. Осети како се олабавуваат.“

Тој почека додека не виде дека нејзините малите стапала се раздвојуваат и рацете и’ висат лабаво во крило, а прстите се исправаат еден по еден.

„И сега, замисли си, токму како што си замислуваш приказни, замисли си дека птицата со сјајни очи и разнобојни пердуви е овде во собава.“ Џон чекаше додека очите не и’ почнаа да се движат зад затоврените очни капаци и мала насмевка и’ ја сви устата. „Ако птицата е во оваа соба, каде точно би стоела? Покажи ми со рака. И држи ги очите затворени уште малку.“

Лара бавно покажа со прстот кон своето десно рамо.

„Дали е толку убава колку што ја пamтиш од сонот? Опиши ми што гледаш,“ бавно продолжи Џон.

„Поубава е... ме гледа со таквите очи... темни, многу темни. Гледа во мене,“ гласот на Лара исто така се снижи и забави.

„Добро. Сега, погледни и’ ги нозете. Дали ги гледаш?“

„Да, обични канџи се, баш како на кокошка,“ се насмеа Лара.

„А што со крилата, можеш ли да ги видиш?“

„Убави се. Секој пердув различна боја секој се менува... Мора да се меки.“

„Добро. А сега опашката. Можеш да и’ ја видиш опашката на птицата?“

„Да, ама е многу подолга отколку што мислев,“ извика Лара отворајќи ги очите. „Џон, цела е зелена, темно-зелена, и не се гледа каде завршува. Се топи таму далеку зад мене.“

„Затвори ги пак очите, Лара,“ и’ рече Џон благо, „и погледни добро во птицата со темни сјајни очи... со канџи како на кокошка... со предуви, секој со различна боја, и секој се менува...и со темно-зелена опашка која се топи некаде далеку зад тебе...“

Почека додека Лара не се лизна пак во сликата на птицата. „А сега, да имаше птицата глас, каков глас ќе беше тоа: длабок глас или висок глас?“

„Не би бил ни длабок, ни висок; некако благ, среден.“

„И да можеше птицата да зборува со тој благ, среден глас, ќе зборуваше брзо или бавно?“

„Бавно. Ама не може да збори, само птица е,“ одговори Лара брзо и ги помрдна рацете.

„Така ти мислиш, но што птицата мисли? Држи ги очите затоврени уште малку.“ Телото на Лара пак се смири. Џон продолжи: „И сега, само кажи и’ ’Здраво, птицо’...“ Почека. „Да можеше птицата да збори, што ќе одговореше бавно со тој благ, среден глас?“

Лара ги крена веѓите. „Здраво,“ рече со неверување. Веѓите уште повеќе и’ се кренаа.

„Што одговори птицата?“

„Рече, ’Здраво, Лара,’“ загрижено му одговори девојчето.

„Добро. Сега прашај ја: ’Драга птицо, дали би сакала да ми помогнеш?’ Повтори по мене ако ти одговара,“ ја посоветува Џон.

„Важи. Драга птицо, дали би сакала да ми помогнеш?“

„Што се случи? Што вели птицата?“ праша Џон.

„Вели, ’Да,’’ викна Лара вознемирено.

„Прекрасно,“ Џон ко да се забавуваше. „Значи, убавата птица би сакала да ти помогне... Погледни во тие сјајни темни очи на птицата. Во мислите, покажи и’ го изборот што го имаш сега; на една страна,“ Џон ја допре левата дланка на Лара без да ја препадне, „покажи и’ ја улицата, со сиропиталиштето во позадина... а на другата страна,“ и’ ја допра десната дланка, „покажи и’ го домот на Џн, со училиштето во позадина. Кога јасно ќе можеш да си ги видиш дланките и она што е на нив, замоли ја птицата да се посоветува што да одбереш.“

Една минута измина. Конечно Лара прозборе: „Птицата вели, кога гледа во левата дланка, дека мрази црви. Вели, ’Брррр.’ Ќе одлета ако одиме на улица; се плаши од црвите. Не сакам да се плаши!“

„А што со другата дланка?“

Уште една минута измина. Лара почна да трепка зад затворените очни капаци. „Птицата ги отвора градите и некако куќата со тебе внатре и птицата се стопуваат.“

„Добро. Ти се допаѓа ли ова стопување?“

„Да, и’ се допаѓа и на мене ми се допаѓа.“

„Замоли ја да ти каже за училиштето. Прашај ја она што ме праша и мене претходно, зошто да се учат сите тие глупави работи што ги предаваат на школо.“

Лара одеднаш се разведри. „Птицата ги отвора крилата. И сега, пердувите и’ се отвораат во мали школки, и секога школка е сликичка. Ми кажува дека морам да отворам школки, и да правам сликички во нив, и ова е се’ што ќе правам на школо. Да отворам школки и да правам сликичи. И сликичките ќе останат со мене,“ Лара длабоко дишеше со подотворена уста, кревајќи го лицето кон своето десно рамо.

„Уживај во сликичките кои се отвораат од школките во пердувите на птицата. Погледни во секој пердув и почекај додека не се отвори. Имаш време, и речи ми кога ќе завршиш,“ нежно и’ порача Џон.

Седеше мирно крај неа, гледајќи го блажениот израз на лицето на девојчето без да се придвижи и чекаше. Времето минуваше. Лара ги отвори очите и погледна во Џон. Очите и сјаеа со светлост. Го погледна право во очи без да трепнува.

„Дали си сега задоволна?“ ја праша благо Џон.

Таа климна со глава.

„Можеби можеш и да и’ заблагодариш на прицата на она што ти го покажа, нели?“

Лара радо ги затвори очите и искрено рече: „Благодарам, мила птицо... Птицата се насмевна, ама сега кажува дека мора да си одлета.“

„Да. Прашај ја дали ќе се врати.“

„Да, ќе се врати, ако ја замолам да се врати.“

„Така е добро. Значи, секогаш ќе можеш да се потпреш на советот на пицата кога не си сигурна што да правиш, нели?“

„Птицата вели, ’Токму така.’“ му одговори Лара чувствено.

„Одлично. Сега посакај и’ збогум на птицата... гледај како одлетува и можеш да се вратиш во оваа соба кога сакаш.“

По некое време Лара ги отвори очите, сеупте озарена. Не и’ се зборуваше.

„Па, да го повторам моето претходно прашање. Дали ќе се вратиш на улица, или ќе останеш овде со мене и ќе појдеш на училиште? Размисли, не одлучуваш само за денес, или за утре и следната седмица, туку за многу наредни години кои допрва следат. И ќе мора многу да работиш тогаш,“ Џон сериозно говореше. „Што сакаш?“

„Останувам овде, Џон,“ му одговори Лара со цврст, мирен глас, пак гледајќи го направо во очи без да трепне. „Фала. За птицата и за се’.’

„Повели и друг пат. Ми беше исто драго да ја запознам твојата птица,“ се насмевна Џон. „Значи, остануваш овде. Имаме еден месец додека не почне училиштето, доволно да те подготвиме за една нова авантура. Ќе почнеме утре со вежби кои ќе ти помогнат со школата и,“ Џон се искези, „со крадење. Сега обилна вечера и правец на спиење.“

 

 

 

 

The Way of Dreams

Part I: The Orphan

(excerpt)

 

Ch. One: The Little Thief

One long conversation in the park

The story of the ugly crow and the eagle

Ch. Two: The Mountain Nest

The story of the silly little wolf-cub

The feathery guide

Ch. Three: The Way of the Body

Past times coming back

Ch. Four: Dreaming Together

The corridors of the mind

Ch. Five: School

Punch me

 

Патот на соништата

Прв дел: Сираче

(извадок)

 

Гл. прва: Крадец

Еден долг разговор во паркот

Приказна за грдata вранa и орелот

Гл. втора: Планинско гнездо

Приказна за глупавото волкче

Пердувест водич

Гл. трета: Патот на телото

Минатото се враќа

Гл. четврта: Споделен сон

Ходниците на умот

Гл. петта: Училиште

Удри ме

 

Short Stories:

 

The Joys of Love

The Snowflake

The Master and the Horse

The Man Whom Time Had

Човекот кого времето го имаше

The Strange Dream of the Hermit

The Book of Silence (unfinished)

 

 

Quick links:

Articles / Текстови :

Fiction / Проза :

Theses / Тези :

Translation / Превод :

Poetry / Поезија :

Gallery

Online References

Мој блог - Покана за колаборативен превод на Руми, и нешто лично


WWW Ana's Home

View Ana Pejcinova's profile on LinkedIn

Last update: February, 2008

back to the top || назад кон врвот

 
 

back to the top || назад кон врвот

Creative Commons License

Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).

 

 

 

Бackground graphics developped by