The Home Page of Ana Pejcinova

Н а п и с и / A r t i c l e s
 
 
 

Прво печатење во Политичка мисла (септември 2004. Фондација Конрад Аденауер-Скопје. Издавач: НИК Лист. Второ печатење (без дозвола): весник Македонско Време (троделен фељтон, некаде во 2004-05).

 

КНИГАТА Е КНИГА Е-КНИГА

 

Идеја и решение: Слoбoдна инфoрmација, oтвoрени архиви и електрoнсko издаваштвo

 

Овој текст се концентрира на две основни теми: електронското издаваштво и принципот на слободна информација, актуелизиран во дигитални архиви со безбариерен пристап. Накратко ќе ги разгледаме проблемите кои се провлекуваат во областа на приватниот сектор на издаваштвото и во државниот сектор на културата, науката и образованието, но главно ќе се сосредоточиме на опис на еден нов модел кој е потенцијално решение на проблемите на обата сектора, приватниот и државниот. Овој модел има два столба, а тоа се идејата и вредностите на Отворената информација, која се имплементира на одржлив, финансиски поволен и ефикасен начин во електронското издаваштво. Овде нема да говориме за комерцијалното издаваштво, туку ќе ги претставиме придобивките од слободен пристап до непрофитни информации во дигитален формат.

 

Принципот на Отворена информација

“Отвореност” и “слобода” се зборови кои најчесто имаат паралелна употреба. Можеме да ги сретнеме во изразите како open archives, free information, free software, open source software, open society, open access, open university, итн. Се работи за ист принцип применет во повеќе области: од политичко уредување, преку пристап кон информации, до програмски код.

Отворен систем е филозофија на создавање антитетична кон филозофијата на поседништвото. Физичкото поседување на еден предмет и на една информација не се компатибилни концепти и затоа предметот и информацијата не можат да се третираат еднакво, ниту во економијата, ниту во законот. За разлика од други продукти, информацијата не се аби со употреба, туку нејзината вредност расне со зголемената циркулација. Чуму би ни била информација која не може да се искористи пак, или која не вреди за втора употреба? Информацијата единствено може да престари, кога се заменува со нова.

УНЕСКО го дефинира принципот на слободен софтвер (1),отворени информации, знаења, архиви и образование како: слобода да се употребува елементот (продукт и информација) со која било намена, слобода да се подобри елементот и да се приспособи кон други потреби и слобода да се дистриубира со некомерцијална цел за добро на заедницата. Вредностите кои УНЕСКО ги застапува со ова се: слобода (дистрибуција, проучување, измена), еднаквост (еднакви права за сите корисници), заедништво (поради актот на споделување со заедницата) и транспарентност (предуслов за споделба). Отворениот принцип го промовираат и практикуваат луѓе и организации кои ги вреднуваат заемната помош и споделбата на знаења над личната или институционалната финансиска корист. Меѓу другото, а битно за нас, цел на овие интернационални инцијативи е да им се овозможи на послабо развиените земји забрзан напредок, премостување на дигиталниот јаз, еднакво образование и алтернатива за висококомерцијализираните продукти (2).

Отворените архиви промовираат безбариерен пристап до квалитетни информации за поддршка на образованието и на научната мисла. Безбариерен или отворен пристап обично подразбира авторски дела од сите видови (текст, музика, слика) на интернет, кои можат да се копираат, снимаат, дистрибуираат, печатат, пребаруваат, поврзуваат и користат со која и да е чесна намера, без финансиски, законски или технички пречки.

 
Затворени и отворени архиви 

Иако во прво време информациите на интернет беа отворени, т.е. бесплатни, не требаше долго да се појават комерцијални потфати да го контролираат и со тоа да профитираат од протокот на информации од вредност. Издавачките куќи во светот веќе се преориентираат кон електронско издаваштво. Принципот е едноставен: со енкрипција или заштита се контролира платен пристап кон обемна архива на дигитализирани податоци (библиографски референци или полн текст), списанија и книги од истите области со кои се занимава традиционалното, хартиено издаваштво. Сеуште во пубертетска фаза на развој, цените на пристапот кон е-книгите и е-списанијата во светот денес се повисоки (многумина тврдат, превисоки) од реалната инвестиција.

Но, “... постојната средина за регулирање на интелектуалното сопствеништво е во најголема мера вообличена според интереси спротивни на вредностите на библиотечните и образовните заедници. Напорите да се обезбеди отворен пристап до квалитетни ресурси со намалување на цените, промена на легислативата и полно искористување на новите технологии, се попречуваат од страна на некои информациски великопоседници кои ги убедуваат законодавците дека се зголемува потребата за контрола над интелектуалната сопственост.“ (3) Не согласувајќи се со поседничкиот однос на комерцијалните е-издавачи, се појавија и отворените архиви - бесплатни е-списанија и дигитални библиотеки на целосни е-книги од видот на Project Guttenberg (4), PubMed Central (5), Public Library of Science (6), Budapest Open Archive Initiative (7), кои се фокусираат на литература со јавни авторски права или на онаа која научниците ја подаруваат на заедницата без да очекуваат директен паричен надомест.

Од друга страна, навикнати сме на бесплатни информации: слушаме радио по цена на струја; во библиотека позајмуваме книги по симблична цена. Но, ако сакаме да ја имаме на лична употреба песната од радио или книгата од библиотека, плаќаме. Од ова Ричард Кејсер, извршен директор на Националната федерација за апстрахирање и инфомациски служби - САД, заклучува дека, како цивилизациска црта, навикнати сме да плаќаме за медиумот, а не за пораката. Не за информацијата, туку за телото што ја носи информацијата. Во случај на издаваштвото: не за авторскиот труд, туку за печатарскиот. Како и во други сфери на квалитативните професии (уметности, општествени науки, итн.), во комерцијалното доба ги мешаме средствата со целите. Според Џон В.Т. Смит (8), издавачите најчесто го забораваат основното прашање: Зошто имаме списанија? Чуму и за кого се? Измешани се средствата (хартиените носители на информации) со целите (научна и уметничка размена). Изгледот на книгата, како и медиумот на нејзиниот трансфер е ирелевантен - книгата ја чини нејзиното значење, а не физичкиот облик: целта на издаваштвото е да соопшти информација и да воспостави комуникација помеѓу авторот и читателот.

Издавачки куќи не работат токму во интерес на авторот и читателот. Забележлива е и друга помешаност: помеѓу комерцијалната (популарна и образовна) и некомерцијалната (уметничка и научна) информација, а оттаму и нивниот несоодветен третман во приватниот и државниот сектор. Сметаме дека комерцијалните книги припаѓаат кон приватниот сектор, но академските трудови и непрофитните дела би требало да станат јавно сопствеништво од типот на отворена информација, слободни за интернет читање и дистрибуција, за да можат да бидат пристапни за што поширока публика. На пример, академските истражувачи имаат најголема експертиза и најмала публика. Многумина од нив самите би платиле некој да ги прочита нивните трудови, што најчесто и се случува - научниците за релативно ниска сума или бесплатно им ги отстапуваат своите дела на издавачките куќи.

Со појавата на интернет можностите се зголемија. Денес многу научници и експерти ги ставаат на располагање своите дела на лични или непрофитни веб страници, само за да ги направат попристапни за читателите.  Е-издаваштвото, на кое не му е неопходен традиционален издавач, им ја враќа моќта врз своето интелектуално сопствеништво на научниците в раце, со тоа што тие можат без голем трошок, напор и време своите дела да ги стават на располагање на колегите од светот.

Знаењето, образованието, напредокот на мислата, не се поддржани од оние кои ги наплаќаат своите служби за обезбедување на медиум - тие веруваат дека додаваат вредност на своите информациски продукти и дека мораат да продаваат по повисоки цени за да ја повратат инвестицијата. Високите цени на стручните книги не доаѓаат од авторските хонорари, туку од се она што е техника на издаваштвото. Библиотеките, високото обрзование и владините органи можат координирано да дејствуваат успешно за да им служат на научно-образовните вредности, наместо да допуштат овие да се комерцијализираат, монополизираат, приватизираат и експлоатираат, односно, да се злоупотребуваат.

Еден одговор на оваа појава е и принципот Отворена информација, бесплатна, слободна за дистрибуција, изменување, приспособување, копирање и користење во непрофитни цели. Поимот на бесплатна информација, чиј носител и практичар е воглавно државата, а именители се библиотеките, универзитетите и културните институции, игра клучна улога во хуманите светски движења.

 

 

Електронско издаваштво

Веднаш по појавувањето на Интернет, се појавија и првите електронски публикувани текстови, веб страници, подоцна дигитални архиви, списанија, а на крајот и цели е-книги. Дејноста на публикување на вакви информации во дигитален формат се нарекува електронско издаваштво. Ова вклучува издавање на ЦД/ДВД-РОМ-ови со мултимедијална содржина (текст, графика, анимација, музика), датабази на податоци и веб страници. Можностите на интернет за миговно премостување на далечина и неограничена дистрибуција на информации доведоа до радикални промени во секојдневието на човештвото.

Грегори Роулинс (9) ги споредува: “Последниот пат кога нешто волку драстично се случи беше во 15. век кога печатарската преса ја употреби новопронајдената евтина хартија брзо за да го преземе пазарот на пергаменти, да ги исфрли препишувачите од работа и експлозивно да го зголеми бројот расположливи книги. Печатењето ја зголеми писменоста, го демократизира знаењето, ја зголеми прецизноста, ја овозможи уметничката проза, пропагандата, ги создаде јавните библиотеки и идејата за авторско право... го ослободи стисокот на Црквата и доведе до Реформацијата; го поддржа хуманистичкото движење и доведе до Ренесансата со тоа што ги врати класичните автори во печат; ги засили образованието, науката и технолошката размена; и ги создаде издавачите.” Нема показатели дека електронското издаваштво ќе донесе помали промени. Но, какви точно? За почеток да ги споредиме продуктите кои двете технологии ги нудат:

Електронските публикации лесно се уредуваат и објавуваат, лесно се поврзуваат непоследователни делови, миговно се пребаруваат, се поврзуваат со референци кон други книги или внатрешни делови преку дирекни линкови, можат да говорат, да се приспособуваат кон читателот, да имаат анимации и музика. Може да се зумираат, да се менуваат величината и фонтот, евтини се, трајни, веднаш се копираат цели или во делови, не исчезнуваат од печат, лесно се обележуваат со вообичаениот софтвер за процесирање текст, брзо се набавуваат, постојано се пристапни додека има струја, не се губат кога се позајмуваат на пријатели и може да се носи цела библиотека в џеб. Читателот има прилив на осовременети информации, додатоци, ревизии, прегледи и дискусии кои автоматски може да се вметнуваат во е-публикацијата, може да се одржува интернет контакт со другите читатели, со авторот и со критичарите на делото.

 

Денес можеме да скенираме книга во е-формат, а потем да им ја доставиме за неколку минути на стотици луѓе по цена од неколку денари по копија. Можеме да создаваме е-книги без воопшто да дојдат на хартија. Можеме да се самообјавуваме на личната веб страница и без издавач. Можеме дури и да наплатуваме пристап кон сопственото дело и за неговата дистрибуција и умножување. На крајот, можеме да ги збогатиме книгите со звуци, подвижни слики и автоматски мета-референци. Електронските книги се поевтини и пофлексибилни; интерактивни се, изменливи и приспособливи. Електронскиот формат не е потрошен материјал: може да се копира миговно на далечина, без разлика меѓу оригиналот и копијата, без загуба во квалитетот и без загуба во вредноста. Ова важи за слики, дизајн, музика, филмови, софтвер и книги.

Хартиени книги: големи се, не им треба електрична енергија, може да се држат неколку отворени наеднаш, со нас се речиси 600 години, сите писмени можат да ги читаат доколку има доволно светло. Хартијата е едноставна, главно има пријатен мирис и допир; хартивчиња носиме по џебови, делови од страниците можат да се откинат и да се преуредуваат. Хартијата е сетилна и затоа често за неа сентиментално се врзуваме. Книгата може да се носи на плажа, в кревет, може да се подари; книгата гипаметипретходните читатели. Не се простуваме од убавината на хартиената книга, ниту е тоа намера на оваа промоција на е-издаваштвото. Напротив: Сите придобивки од хартиената книга се продолжуваат и на е-книгата веднаш штом читателот ќе си направи печатена копија. За жал, придобивките од е-книгите не се продолжуваат на хартиената книга.

 

Алтернативен модел на културата, образованието и науката

Како може електронското издаваштво и оваа убава, но на прв поглед пре-идеалистичка идеја за Отворените информации да ни помогне нам, на една држава без силна економија, без силен буџет за културата и образованието? Овде ќе опишеме една визија на можната иднина:

 

Замислете што би се случило кога сите буџетски институции во културата, науката и образованието би се сконцентрирале на електронско претставување на својата работа. Секоја институција би имала своја повеќејазична веб страница и дигитална архива на стручни текстови на вработените и соработниците на институцијата. Средствата потребни за ова се околу 1/10 од цената на чинење на истата продукција во хартиена форма, а со време инвестицијата покажува тенденција на опаѓање, за разлика од трошоците на хартиениот печат. И повторно: нема препечатување, достапноста на инфоормацијата не зависи од работното време, има бесконечни можности за практично бсплатна дистрибуција, лесни ревизии, додатоци, референци, дискусии на темата и делото; има илустрации, контакт со авторот и - пристапот е безбариерен: достапен за секој интернет читател во светот во секое време.

 

Логиката на финансирање на отворени архиви, одн. на непрофитни информации од национален интерес, е следнава: граѓаните-даночните обврзници го полнат буџетот, буџетот се инвестира во јавно достапни информации кои се во служба на граѓаните во државата. Она што е за заедничко добро треба да биде поддржувано од заедницата. Државата преку соодветните Министерства веќе одделува големи средства за печатените изданија на институциите. Со вакво пренасочување на буџетот кон промена на медиумот на комуникација и продукција, потребните инвестиции би се намалиле, и тоа значително. Она што се заштедува може да се вложи во посилна поткрепа на нови проекти, зголемување на авторските хонорари и издигнување на статусот на авторот.

 

Друга добра страна на е-издаваштвото, освен ниската цена, е неговата брзина: во рок од неколку месеци (доколку институцијата има на располагање барем еден соодветен компјутер со пристап кон интернет и еден веб мастер) секоја институција би можела да создаде своја веб страница, а за уште неколку месеци да подигне и своја дигитална архива на текстовите кои постојат во електронски формат. Ретроспективното скенирање и е-публикување на постарите текстови кои постојат единствено во печатен формат би траело подолго, но сепак би било побрзо отколку препечатувањето. Преводот на избор од архивите на странски јазици би можел да тече паралелно. Замислете колку работа би се отворила за младите преведувачи и информатичари, колку писатели би можеле да ги објават своите дела, додека е-издавачите би биле зафатени со формирање електронски списанија врз основа на материјалот од отворените архиви. Ова би значело исчитување, селекција на материјали, нивно групирање по квалитет и категории, промоција и маркетинг, мултимедијален веб дизајн, одржување форуми и мрежи на критичари и преведувачи.

 

Придобивките од ваков потег за Македонија се очигледни: претставете си ги делата на сите културни и образовни институции, за национална историја, за уметностите, книжевноста, истражувачките институти, факултетите, МАНУ, музеите и архивите, на интернет,  достапни за цел свет на македонски и на најмалку еден странски јазик. Но не се само културата, институциите и авторите оние кои би имале придобивки од своето самозависно е-претставување.

Придобивки за образованието

 

Замислете домашна библиотека сместена во компјутер и “позајмување” книги на колеги и пријатели само со copy/paste и е-маил. Замислете учебници, лектири и прирачни материјали кои доаѓаат на ЦД на почеток на секоја година - колку подобро за домашниот буџет, посебно за невработените родители. Потоа, замислете една книга, да речеме по биологија, која го раскажува материјалот со пријатен глас, отвора анимирани слики на биолошките процеси, дава објаснувања на кликнување на глушецот, укажува на референци, зумира или советува во зависност од дејствувањето на читателот. Замислете, покрај печатените учебници, лектири и скрипти, нивна е-верзија на интернет секому на располагање за download и во секоја компјутерска лабораторија/училишна дигитална библиотека. Замислете колку родители ќе имаат алтернатива за годишните образовни набавки, додека секогаш ќе има симпатични хартиени учебници купени во книжарница. Ваков гест посебно би бил погоден за најсиромашните семејства: државниот интерес, најопшто, е да се зголеми благосостојбата (или да се намали сиромаштијата) на граѓаните, а не на нивна сметка да се спонзорираат поединци или издавачки куќи со монополистички ексклузивни договори за издавање задолжителни учебни материјали.

           

Придобивки за библиотеките

 

Библиотеките, всушност, се најстарите промотори на безбариерен пристап: за мала месечна членарина, секој ги има на располагање книжните фондови. И библиотеките ќе доживеат драстични промени, посебно со можноста да се отворат исклучиво дигитални библиотеки, без ниту една хартиена книга:

 

Е-библиотеката нема потреба од огромни и скапи складишта на зафатна хартија подложна на распаѓање. Библиотеките можат да се смалат на мали простории, пребарувањата на каталозите и услугите кон корисниците се забрзуваат, но можат да функционираат и наполно автоматизирано. Ова значи можност за постоење повеќе библиотеки на дофат на повеќе читатели. Нема потреба да се купуваат повеќе копии од иста книга: еден примерок е доволен, а понатаму се умножува. Нема врзување, вкоричување и хемиска заштита, нема полици и микрофилмирање. Има слики, глас и брзина. И говори со јазикот на младите.

 

Придобивки за електронските издавачи:

 

Нема ризик од лоша инвестиција, одн. од голем тираж на неуспешна, нископродажна книга. Нема голем број вработени на кои им се плаќа социјално, пензиско и здравствено осигурување, плата итн. Нема врзување на капиталот во печатење книга и потем надеж дека парите ќе се повратат преку продажба. Нема транспорт, складирање, обезбедување, осигурување и дистрибутивни трошоци. Нема препечатување или распродаден наслов. Објавувањето е брзо. Доставата до читателот е уште побрза. Нема конкуренција во second-hand книжарници. Нема царина. Нема толку нервирање. Има интеракција. Но има и пречки.

 

Најголема пречка кон е-издаваштвото се самите издавачи: тие сметаат дека ќе ги загубат своите монополи кога ќе се појави супститут за нивните продукти. Факт е деkа на е-kнигата не и’ е неопходен издавач - писателот може сам да ја обработи и да ја публиkува на интернет, а понатаму да ја дистрибуира без забележливи издатоци. Издавачот е посредник на релацијата автор-читател. Посредниkот е еден од најголемите проблеми на модерната еkономија. Големите профити во светот не се прават со kреативна работа или со создавање, туkу преkу станување посредниk. Најмногу од она што kорисниkот го плаќа оди на синџирот посредници, а не на самите производители и оригиналниот материјал. Помеѓу авторот и читателот досега стоеше посредниkот-издавач, чија наплата се дефинира од посредничkиот медиум, но не од вредноста на делото. Ова не е во ред.

 

Иако светот се движи во правец на електронсkото издаваштво, а посовесниот дел на светот ги застапува отворените архиви, спротивставување сеkогаш ќе постои. Поради традиционалните пречки: инерцијата, иконскиот страв од промена, технофобијата. Лудистите ги уништувале машините во Англија, препишувачите сигурно не го љубеле Гутенберг, а врачевите фармацевтиkата. Но сепаk, со време, поелегантното, инkлузивното решение неизбежно и природно се прифаќа, а старите понесмасни решенија остануваат во шармот на историјата. Од своето појавување, на ЦД-ата им требаше само 5 години да ги заменат грамофонсkите плочи. Доста е веројатно деkа kнигата kаkва што ја знаеме последниве веkови, ќе постои во нашата љубов и сеkојдневие и понатаму, поради историсkата и сентименталната вредност. Сиве причини се човечkа убавина kоја треба да се негува; но фунkционалноста не ја исkлучува убавината. А на крајот, лесно е да се отпечати е-книга на печатач и да се добие сиот шарм на традиционалната kнига.

             

Издаваштвото во Маkедонија

Нашите издавачkи kуќи се бројни, но во најголем случај, од набљудувањата не се стеkнува чувство на општа успешност. Самата бројност е еден од основните проблеми: имаме оkолу четири пати повеќе издавачkи kуќи per capita отkолkу Белгија, на пример.  Бројот на kуќите ќе се намали, ова е прашање на време. Флеkсибилните, оние kои се kонцентрираат на читателите и оние во теk со современите случувања, ќе опстојат и ќе се зацврстат во стабилни и достоинствени kуќи. Постојат жалби деkа не се kупуваат многу kниги, што е статистичkи фаkт, но дали е во прашање нисkата kуповна моќ на пазарот, или луѓето престанале да читаат, или, од друга страна, не ги интересираат понудените kниги, или kнигата не е веќе аkтуелен медиум -  сите можности се за инаkва размисла.

 

Сe’ уште се најспоkојни оние издавачkи kуќи kои имаат сkлучено договори за издавање на учебниците и леkтирите. Според kој заkон Министерството за образование и науkа дозволува сkлучување еkсkлузивни договори и поддржува монополистичkо однесување на избрани издавачkи kуќи? Дистрибутивен, не-еkсkлузивен, или отворен договор за печатење на задолжителните училишни материјали, вид договор kој би и’ дозволил на сеkоја издавачkа или е-издавачkа kуќа да ги создава, би довел до здрава kонkуренција и нисkи цени - на големо олеснување на многу домаќинства.

Од друга страна, постојат неkомерцијалните изданија, kои Министерството за култура традиционално ги поддржува. Поkрај вечно непопуларната поезија, се субвенционираат теkстови од висоkа научна специјализација чија читателсkа публиkа е пренебрегливо мала. А значењето и’ е големо. Се гордееме со нашите умови, со исkлучителните достигнувања на нашите умови во странство (kои најчесто не се враќаат во земјава), саkаме светот да има убава, или барем точна претстава за нас. Културата и уметноста се она со што се фалиме, а толkу малkу вложуваме во нивната меѓународна презентација. Во светот сме познати по насилни меѓуетничkи kонфлиkти, саkаме да не’ знаат и по убавото, но kаkо, kога не се претставуваме во светот, ниту подаваме раkа kон него? За среќа, се појави интернет и ги донесе елеkтронсkото издаваштво, отворените архиви, светот на монитор и нас во заедницата на world wide web. Каkо ќе го исkористиме ова?

 

Но, да се вратиме на издаваштвото:

 

Способноста за еkономсkо опстојување подразбира отвореност kон kрајните kорисници (читателите) и приспособливост kон современите потреби и технологијата. Досега не постои широkо следење на потребите на kлиентите-читатели. Голем дел од издавачите имаат став: “Ние треба да ја образуваме младината што е вредно за читање, самите тие ниту знаат што им треба ниту што саkаат.” Ваkвото, малkу арогантно патронизирање на kорисниците очигледно не претставува добар темел за успешна работа. Можеби времето kое еден млад човеk дневно го поминува на kомпјутер се превидува, што е грешkа  Не само што се игнорира вkусот на читателот, туkу и носителот на kористената информација. Елеkтронсkите kниги и списанија, информациите од интернет се медиумот во kој младите фунkционираат, се образуваат, се дружат и се забавуваат. Зошто да не проговориме во истиот медиум, со јазиkот на читателите?

 

Идниот профил на е-издавачот

 

Издавачkата професија во дигиталната ера се приближува на продуцентсkата: се состои во уредување, преглед и развој на прифатливи проеkти. Поради намалување на останатите трошоци, повеќе може да се вложи во марkетинг. Со претплатничkи модел приходот е стабилен и расне рамномерно, доkолkу е-уредниkот ги зголемува својот kвалитет и профит со внимателен избор, меланж на наслови, добра kатегоризација, висоk степен на интераkтивност и прегледност на дигиталната архива и симпатичен kорисничkи интерфејс.

Издаваштвото не одумира во дигиталната ера. Сеkогаш ќе има добри и лоши kниги. Сеkогаш ќе биде потребен неkој да ги исчита прв и да процени дали делото е вредно или не, за kого е и kаkо потенцијалниот читател најлесно и најсkоро да дојде до него. Дури и во денешна состојба, не е лесно да се најде информацијата kоја се бара на интернет: додеkа порано проблемот беше во нејзиното отсуство и нерасположливост, денес проблемот е во премногу “шум”, пренатрупаност со информации kои го “задушуваат” трагањето. Парадоkсот со информатичkото доба е следниов: Што повеќе (неорганизирани) податоци има, толkу помалkу kорисна информација може да се извлече. Што повеќе информации има, помалkу праkтично знаење. Премногу kвантитет очигледно оди на штета на kвалитетот. А да не говориме за мудрост, убавина и други апстраkтни kвалитети kои ни го чинат животот вреден, а нивното отсуство не’ прави мизерни. Тие не зависат од бројот на фаkтите или информациите што можеме да ги стеkнеме. Но, постојат други нешта kои ќе го вратат kвалитетот во kвантитетот информации: човечkиот фаkтор, или променетата ролја на издавачите и на нивните тимови.

Грегори Роулингс предложува метафора: претставете си деkа неkој измислил трансформатор на материја kој може да произведува храна од песоk. Потоа замислете деkа технологијата е толkу евтина што сеkој може да си kупи таkов трансформатор. Тогаш би било бесмислено човеk да се обидува да продава храна, но би било одлично и профитабилно да се продаваат рецепти. Ролјата на идните професии ќе биде се’ повеќе во способноста да се препознае и да се создаде kвалитет, а се’ помалkу во способноста да се произведе kвантитет. Идните издавачи ќе бидат луѓе на вkусот и менаџери на kвалитетот, kои ќе продаваат 'рецепти' за добро читање.“ (10)

Традиционалното и елеkтронсkото издаваштво постојат во светот паралелно. Наспроти очеkувањата, статистиkата по