„Во војните од Четвртата генерација, државата го губи монополот над војната. Ширум светот, државни армии се наоѓаат во борба против недржавни противници... Скоро насекаде, државата губи.“
Апстракт:
НАТО има надминато голем број на предизвици од крајот на Студената војна, покажувајќи организациска флексибилност со проширување на мисијата, делокругот и членството. Од мигранти до тероризам, зголемената глобална поврзаност резултира со прелевање на далечни конфликти на териториите на Сојузниците. Раснечки предизвик е појавата на инаков облик на војување: „нови“ или „бездржавни војни,“ каде државните и супердржавните институции генерално се покажуваат незначајни за новата воена агенда и немоќни во нивното смирување. Бездржавните војни се покажуваат потрајни од класичните меѓудржавни војни, а предизвикуваат поголемо уништување од терористичките активности. Главната црта на бездржавните војни е доминација на профитот на агендата на учесниците, поради процесот на комодификација на насилството/безбедноста како служба на светскиот пазар. Нивниот екомонски карактер и флексибилна корпоративна структура ги прави отпорни на класичните воените концепти и мисии кои Алијансата досега ги има преферирано. Скоро-проширената дефинција на безбедност на НАТО вклучува миротворство, хуманитарни интервенции, поддршка на демократија и на економски развој. Програмите на добрососедство на Европската Унија се оценуваат како поуспешни во економски и политички развој, додека воениот капацитет на НАТО далеку го надминува оној на ЕУ. Комбинираната „мека моќ“ на ЕУ и „тврда моќ“ на НАТО се предлага за соодветен одговор на бездржавните војни.
Клучни зборови: нови војни, НАТО, профит, насилство, безбедност
Крајот на Студената војна наведе бројни научници на двете страни на Атланикот да го најавуваат и крајот на НАТО, со аргумент дека без заедничка закана, Алијансата станува излишна [2]. Некои американски НАТО-скептици изјавуваат дека членството во Алијансата е непотребен товар за Државите и дека меѓународните организации се препрека за американските национални интереси во странство. Некои евроцентрици, на другата страна, повикуваат на осамостојување на Европската Унија, воглавно во поглед на одбраната и безбедноста, доколку Унијата треба да стане независен рамноправен партнер на САД во меѓународната политика; некои дури застапуваат и излез од Алијансата, плашејќи се да не станат инструмент на американската надворешна политика.[3]
Сепак, ова не е првата внатрешна криза со која НАТО се има соочено и справено. Како што Рајан Хендриксон покажува, Алијансата веќе има поминато низ неколу сериозни и бројни помали кризи од своите почетоци,[4] и сите ги има надминато, докажувајќи дека „способноста на НАТО успешно да се посвети на трансатлантски размирици сугерира правилност на разрешување на несогласувања и ефикасна прилагодливот.“ [5] Меѓутоа, секоја од овие кризи го има растегнато НАТО помеѓу половите на унилатерализам и обединета алијанса, и со секое прилагодување, организацијата мора да се предефинира во одредена мера, оддалечувајќи се со својата мисија и структура од првобитниот концепт на безбедоносен гарант за примарните држави-членки.
Во 1991, во одговор на својата „криза на идентитет“ после Студената војна, НАТО забележително ја дополни својата агенда со демократизација, хуманитарни акции и миротворство. Покажа поголем интерес за превенција на конфликти и справување со кризи; го прошири својот дипломатски опсег и воено партнерство на Централна и Источна Европа. Алијансата беше активна во Босна и Херцеговина и на Косово. 11-ти септември беше најзабележливата, иако, некои би рекле, не и најдлабоката, од скoрешните кризи на НАТО. Иако Алијансата на почетокот беше маргинализирана во реакцијата на Администрацијата на Буш (), овој настан ги наведе САД набрзо да иницираат редефинирање на raison d'être, мисијата, структурата и стратегијата на НАТО. „Борбата со тероризмот“ беше промовирана како новата заедничка платформа за повеќе земји одошто Алијансата има било кога вклучено.[6] Концептот на безбедност се промени, откако главните членки на НАТО ги осетија ефектите на прелевање на насилството од далечни конфликти, сиромаштија и политички немири.
Во минатата деценија, НАТО го има изменето концептот на безбедност во една широка смисла која взаемно поврзува политички, економски и одбранбени компоненти. Раснечкото значење на тероризмот и бездржавните војни ги наведоа Шефовите на Државите-членки да го усвојат Општиот политички водич (Comprehensive Political Guidance)[7], кој „препознава дека во скора иднина, главните закани за Алијансата се меѓународниот тероризам и пролиферација на оружја за масовно уништување... како и нестабилноста предизвикана од пропаднати или опаѓачки држави; регионални кризи...“[8] Јасно е дека пресретнувањето на ваквите закани мора да се врши и на териториите на земјите-членки и на далечните кризни жаришта. Поместувањето на фокусот вон териториите на земјите-членки е симптоматичен за постоечкиот процес на реструктуирање на НАТО согласно сегашните и идни предизвици. Во денешно време, Алијансата е има удел во шест „далечни“ мисии: Меѓународните безбедоносни сили на асистенција во Афганистан (International Security Assistance Force-ISAF), Косовските сили (KFOR), Операцијата активен напор (Operation Active Endeavour) на Медитеранот, Главиот штаб на НАТО-Сараево, ирачката мисија за обука (NATO Training Mission) и поддршка на мисијата на Африканската Унија во Судан. Дали е ова доволно? И колку може да биде успешно во поглед на видот на насилство во целните земји?
Бездржавни војни
„...живееме во еден взамено преплетен свет, во кој не можеме да ја сочуваме безбедноста бранејќи ги само границите; во кој државите веќе не контролираат што се случува во нивните граници; и во кој старомодната војна помеѓу држави е анахронизам. Денес државите... функционираат во еден свет обликуван не толку од воена моќ колку од комплексни политички процеси кои вклучуваат интернационални институции, мултинационални корпорации, граѓански групации и, навистина, фундаменталисти и терористи – накратко, глобална политика.“ - Мери Калдор [9]
И покрај тоа што терористичките напади на териториите на главните земји-членки на Алијансата овие одново ги обединија со свежа заедничка закана, изгледа тероризмот е само врвот на леденикот кој ја загрозува безбедноста на Сојузниците. Еден релативно нов феномен е во развој во далечните краишта на светот – нов вид на војување се јавува од под познатите облици на локални граѓански војни со исцрпувачко времетраење и недраматичен број на жртви.
Според последните студии, [10] крајот на Студената војна e едновремен со промена во светските тенденции на војување: меѓудржавните војни опаѓаат по бројност, додека регионалните конфликти и оние внатре во границите на државите заземаат нагорна траекторија. „Побитно е, меѓутоа, што природата на војните се менува,“ тврди Калдор[11]. Научниците се обѕрнуваат кон овој феноменен во теоретските рамки на таканаречените „нови,“ „постмодерни“ војни или „војни на четвртата генерација.“ Класичното значење на поимот „меѓународен конфликт“ се однесува на меѓудржавни војни. Меѓутоа, овие „нови“ војни се меѓунарoдни и без ниедна држава да игра битна улога во нив. Над- и под-државните нивоа на кои овие војни се одвиваат, како и и раснечката ролја на не-државните актери, го сугерираат називот „бездржавни“ војни, поим кој ќе го предложам и оправдам во овој текст.
На кратко, правилностите и кaрактерот на овие војни вклучуваат: постојани конфликти со низок интензитет раширени преку променлива територија без оглед на државни граници; траење со децении, со неправилни избувнувања и привремени примирја поради исцрпување на населението, но не поради пораз или победа; одржливост на база на илегална воена економија; меѓународна поврзаност; и општа небитност на државни институции, мултилатерални и интернационални организации во нивното смирување. Примери даваат Ангола, Конго, Либерија, Сиера Леоне, Нигерија, Судан, Афганистан, Камбоџа, некои кафкаски конфликти, итн., со најскориот случај на Ирак кој покажува се’ појасни црти на бездржавна војна.
Раснечеката инволвираност на НАТО вон териториите на земјите-члнеки наведува на анализа на правилностите при појава, одржување и смирување на овој нов вид на војување. Ќе видиме како природата на бездржавните војни ги прави отпорни на искоренување со сила, иако воена акција може да се покаже како неопходна во нивното спречување и пацификација. Вредно е да се напомене дека тероризмот успева на иста почва како и бездржавните војни, а најефикасната превентивна стратегија во „борбата против тероризмот,“ или подобро, „мир, просперитет и политика,“ може да се покаже идентична со стратегијата за превенција на бездржавни војни.
Меѓународни насилни претприемачи
Називот „нови војни“ може погрешно да наведува, бидејќи нема голема разлика како војните се воделе во пред-државната историја во споредба со современите конфликти. Корените, воопшто не изненадува, лежат во сиромаштија, нерамноправност и политичко незадоволство. Масивна расположивост на ефтини или бесплатни учесници кои немаат што да загубат а можат се’ да добијат од војна (живеачка, друштвена позиција, моќ, глас) го прави трајниот конфликт пожелен. Релативната разликата на бездржавните војни е, примарно и ултимативно, за што се војува. За разлика од класичните војни,[12] чии цели би можеле и да се легитимни (како територијална контрола, основање на држава, насилна промоција на идеологии, заштита на човекови права), целта на новите војни, од друга страна, е профитот.
Раснечко множество на научни (не-антиглобалистички) текстови забележуваат дека некои странични последици на скоро засилената глобална поврзаност влијаат на структурата на современото војување, на неговите учесници и на нивните агенди: економските придобивки се преферираат над целите на „старите војни.“ Главната распознатлива црта на бездржавните војни е симбиозата на насилство и профит. Конвенционалните „стари“ војни се разликуваат по доминантна (иако неисклучива) црта на „владино“ „не-(само)-профитно“ насилство. Тие исто претпоставуваат постоење на држави и типично теженеат или да воспостават нова држава или да засилат постоечка државна моќ. Ограничувањата на класичната војна, во смисла на време, опсег и непријател, се дефинирани со геополитички цели, територија и граници. Иако старо-воени цели сеуште можат да се промовираат од ново-воените странки, бездржавните водачи ги употребуваат ваквите пароли за да мобилизираат регрути[13] и да се стекнат со меѓународна поддршка, додека исполнуваат поинаква агенда - обезбедување на економски придобивки. „Новите“ војни се спротивставени на класичниот концепт на војување на кои НАТО и, воопшто, секоја државна армија или институција е структуирана да им одговори.
Средствата на бездржавните војни се најчесто страв и изгон на населенија,[14] повеќе со повредување отколку со убиство (осакатување, силување, заплашување, уништување на извори на храна и вода, уништување на културни споменици, меѓу другото)[15] , при што се преферира герилски начин на војување, необични комбинации на архаични и високотехнолошки оружја (пр. бомбаш-самоубиец со сателитски телефон), а директни судири со оружени сили се избегнуваат кога е можно. Од паравоени формации, организиран криминал, професионални наемници, до невработени граѓани, корумпирани државни чиновници, полиција и армија во дезинтеграција – оние кои можат да профитираат повеќе од војна отколку од мир се обилно на располагање.
Мери Калдор[16] забележува дека профитерската црта на современото насилство потекнува од промените во глобалната економија од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, кога локални економии, претходно ограничени во ресурси со оскудици, се отвораат кон светскиот пазар, што воведува нерамноправни играчи во игра на рамноправни правила. Несаканите последици на често чудно имплементирани и почесто опортунистички манипулирани програми на либерализација, структурални прилагодувања и транзициска политика продуцира пораст во невработеност, нееднаквост, неформална економија и црн пазар. Во последица, претприемништва во стил на мафија, урбани банди и герилски движења се сродуваат според средствата и целите, поврзувајќи ги предградијата на западните метрополи со Источна Европа и Третиот свет преку заедничката црта на насилство ориентирано кон профит.
Повлечена држава
Од друга гледна точка, Ајво Далдар ја поврзува појавата на бездржавни војни со глобалното придвижување кон повлекување на силната државност: „една битна последица на глобализацијата е дифузијата на моќта од државите. Не-државни ентитети, од претприемништва до транснационални граѓански здруженија, од криминални картели до терористички групи, се често повешти од државите и лесно успеваат да ги надиграат нивните мерки. Промената на политичките агенди и порастот на недржавни актери значи дека дури и најмоќната држава ја губи способноста да го контролира она што се случува на светот.“ Недржавни ентитети можат да бидат локални и/или интернационални; да делуваат преку формални и/или неформални организации, со легални и/или нелегални активности – најуспешните обично симултано ги практикуваат обете страни на овие, сепак, вештачки конструирани државо-центрични дихотомии.
Анализираќи ја појавата и одржливоста на воение економии, Жерон де Зеув и Георг Фреркс[17] објаснуваат како „развиените комуникациски технологии, засилената подвижност на капиталот и повишената дерегулација на западните економии создаваат нужни предуслови за коалиции помеѓу локални командири, приватни претприемништва, посредници и приватни служби за обезбедување, за овие да капитализираат на отсуството на државна контрола врз екстракцијата на ресурси.“ Можноста за миговно тргување и глобална комуникација, дерегулацијата на индустриите, делумното отстранување на регулативните препреки, прекугранични финансиски трансакции и спојувања на фирми, проширени мрежи на под-приемачи и фронтални компании, според повоздржаната перспективана Матс Бердал[18] , може да овозможи развој и одржување на постојан економски интерес во траен конфликт.
Во претходно моќни но сега повлечени држави, како и во слаби или пропаднати држави, насилството, помеѓу другото, се де-монополизира и приватизира; безбедоносната зона се полни со приватни актери – често служби за обезбедување, паравоени групи или локални властодршци. Вилијам Рено[19] сугерира дека модерното војување може подобро да се разбере како „инструмент на претприемништво, а насилството како начин на акумулација.“ Да ја погледнеме оваа нова служба на пазарот: насилството, и неговата светла страна, безбедноста.
Насилството како комодитет
Денес може да се набљудува феноменот при кој терористички мрежи, движења на отпор или ослободителни групи се’ повеќе ги менуваат своите активности за да обезбедат профит на интернационалзираните парични токови (пр. локалните командири ги обезбедуваат меѓународните актери во Афганистан[20] во замена за политичка или финансиска придобивка; не-државни оружени групи обезбедуваат нафтени компании во Африка, итн.), додека корпорации се’ повеќе можат да профитираат на локални превирања (пр. западни служби за обезбедување густо го населуваат Ирак; воено-консултантски фирми; компании кои заработуваат на траснпорт на оружје, логистика или комуникациски служби, итн.) Способноста да се нанесе или воздржи насилството, т.е. да се пружи безбедност, заедно со сродните способности и служби, се комодифицира во пазарна служба и му се нуди на оној кон најмногу ќе плати на пазарот, без оглед на мотивите и вредностите на оној кој ја нуди и на оној кој ја најмува. Бидејќи мотивите немаат влијание на пазарната вреднст на службата, економски е рационално да се најмат насилни/безбедоносни услужители од било каква ориентација. Накратко, кога кардиналната вредност на агендата на воениот агент станува профит на глобалниот пазар (кога територија, држава, идеолгија, правда, слобода, развој, заедница, начин на живот, или било кое друго непрофитно добро паѓа на листата на преференци), таквиот агент е претставник на бездржавна војна.
Влијанието на глобалните економски промени се врши не само врз агендата на множеството агенти во врска со војувањето, туку и врз начинот на кој претприемништвото и војните се водат. Интернационалните корпорации се’ повеќе наликуваат на герилски структури, а герилците на бизнисмени. Корпорациите и новите војни изгледа ја учат едни од други најекономичната структура: висок степен на децентрализација и outsourcing, лабави мрежи на високо автономни единици во мешани соодноси на (понекогаш едновремено) конфронтација, компетиција и кооперација, променливи партнерства склучени ad hoc кон заедничка цел на максимизирање на профит и раскинати во нејзино отсуство, пристап на „лесен чекор“ (без тешки инвестиции и врзување за одредена територија или имот), висока мобилност, флексибилност и слевање со околината. Организациски, корпорациите и ново-воените структури се полицентрични, ретко вертикално структуирани хиерархии: ги диверзифицираат своите служби и продукти, некои законски и некои незаконски; порадо изнајмуваат и се најмуваат отколку што купуваат или се продаваат; оперираат преку мрежи кои без дискриминација и рамноправно вклучуваат државни канцеларии, фирми, локални банди, платеници, експерти, криминалци и сл. Како против ваков нов Левијатан?
Одговор
Силите на класичната војна најверојатно не можат да победат во бездржавна војна, бидејќи војната се води на различни нивоа. Вилијам Линд укажува дека старо-воените генерали и ново-воените агенти ги мерат поразот и победата во неспоредливи единици: првите мерат во однос на територија, компаративен степен на загуби, огнена сила и технологија, додека вторите мерат во однос на економски придобивки, морална победа, граѓанска поддршка и масовни психолошки ефекти.[21] Линд исто така забележува дека „ниедна државна армија во последно време нема извојувано победа над недржавен противник,“[22] што во голема мера се должи на претходно-опишаните структурални и организациски карактеристики на бездржавните војни.
Како што бездржавните војни живеат на слаби држави, сиромаштија, нерамноправност и политичко незадоволство, решението на долгорочен план очигледно би требало да ги зафати овие услови за раст на насилство. Најдобра превентивна стратегија се верува дека е економски развој, социјална правда и политичка застапеност (демократија). Новата интернационална посветеност на НАТО, како што се наведе на Самитот во Рига (), ја прифаќа идејата дека единствено воена акција може да потфрли под посакуваниот резултат да обезбеди трајна сигурност за своите членки. Меѓутоа, постојат различни начини на реакција на регионална нестабилност и бездржавна војна. Овде се јавуваат две прашања: како да се делува (тврда или мека моќ) и кој да делува (интернационална, мултилатерална, би- или уни-латерална акција). Агендата на дипломатија, миротворство, градење на државност, економска поддршка и асистенција во демократизација е повеќе во линија со европската „глобалистичка“[23] надворешна политика која се потпира на интернационална соработка. Политиката на Европската Унија е неслична иако не и взаемно исклучива со повремената склоност на САД кон насилна промена на режими и тенденцијата кон, во некоја мера, унилатерален интервенционизам.[24]
Релативната успешност на овие две различни линии на пракса може да се измери со економскиот и демократскиот ефект врз новите и идни членки на НАТО и на Унијата. Полковникот Моазан и Морони испитуваат колку успешно НАТО ги моделира своите интеграциски програми според Барселонскиот процес на ЕУ и Европската програма на добрососедство за да ги инкорпорира своите членки и партнери во ново-дефининраната агенда на безбедност. „За жал,“ тие заклучуваат, „овие програми различно беа оценети. Изразито, партнерите забележуваат дека не гледаат мерлив напредок во партиципацијата, способноста за интеграција и посебно додатни капапцитети.“[25]
Лабавата врска помеѓу НАТО и демократијата можеби е додатен фактор за пониските резултатие на неговата промоција на демократија. Хелен Сјурсен, во нејзиниот високо-цитиран текст За идентитетот на НАТО ги наведува следните причини за претпазливост: прво, НАТО не е организација втемелена во правно владеење и не може да биде, во отсуство на космополитско право кон кое Алијансата би можела да се осврне за референца. Второ, НАТО се потпира на процес на донесување одлуки без процедури за пресуда од трета странка, како трибунал или суд, за разрешување на внатрешните спорови: трето, иако на сегашните процедури на одлучување им е доволен индиректен легитимитет, ова „го прави проблематично претставувањето на НАТО како либерална демократска безбедоносна заедница. Сочинува илузија на демократски легитимитет за една организација која ниту има демократски мандат, ниту има демократска структура на одлучување, како мнозински глас.“[26]
Споредувајќи го успехот на демократска поддршка помеѓу НАТО и ЕУ во Источна Европа, Баранји[27] заклучува дека „помалку импресивното“ влијание на НАТО се должи на три групи на причини: прво, факторот на соседство; второ, построгите критериуми на членство на Унијата и принудувачкиот збир на санкции и награди, наспроти далеку поопуштениот третман на неисполнување на помалиот број на услови кои НАТО ги наведува за потенцијалните и нови членки (); трето, сеопфатната програма на ЕУ во институционална политика (од легислација на човекови права до здравствени стандарди, контрола на квалитет на продукти и земјоделска регулатива).
На страна првиот аргумент на соседство, релативно подобрата позиционираност на Унијата, сега за сега, да влијае со трајни економски и демократски реформи сугерира понатамошно реструктуирање на НАТО во правец на превземање на „комплетот алатки“ од програмите за добрососедство на Унијата, негова адаптиција и примена на глобално ниво. Од друга страна, изгледа дека и Унијата, во отсуство на своја заедничка одбрана, а со јасен интерес за меѓунардона инволвираност, би требало да се моделира според Алијансата – она што функционира во релативно мирните земји на европското соседство не значи дека ќе функционира и подалеку. Како што Калдор заклучува, „Толерантната политика не може да преживее под услови на насилство – ова е поентата на новите војни...“[28] Таа опишува два вида на реакција на современите правилности во светските конфликти[29] : дефанзивна (да се игнорираат новите војни како „анархија“ или „примитивизам,“ без да се обрне внимание на нивната високо организирана и модернизирана структура, како и на нивниот глобален зафат) и офанзивна – да се воспостави мир, да се изградат држави и, јас би додала, да се санкционираат директните и индиректните воени профитери, и во развиените земји и во остатокот од светот.
Заклучок
Бездражавните војни, кои потекнуваат од ист корен со тероризмот, веројатно ќе станат најзабележителна карактеристика на конфликтите на иднината. Тие се едen од главните предизвици кои НАТО ќе мора да ги прифати и во одговор на кои ќе биде нужно да се преструктуира. Алијансата е се’ повеќе инволвирана во области, како Авганистан и Ирак, каде новите војни земаат замав, а недоволноста на класичното сфаќање на војната се покажуваат во пракса. Исто е веројатно дека во иднина, извонредниот воен капацитет на НАТО ќе го направи неговото инволвирање уште попожелно као миротворна и стабилизациона сила. Ќе го надмине ли новиот предизвик на бездржавни војни? „Меката моќ“ на ЕУ, со строго условена поддршка за демократски и економски реформи како компоненти на безбедноста, во комбинација со „тврдата моќ“ на НАТО да обезбеди средина во која таквите реформи ќе можат да се иницираат и одржат, е потенцијално успешен модел за превенција и смирување на бездржавните војни.
Да се продолжи да се размислува на начин на класичната војна, стратегија и тактика, да се очекува подобар успех со повеќе буџет за пософистицирана воена технологија, не може да извојува победа во бездржавните војни. Наместо тоа, потребен е нов начин на размислување, вo правец на траен лек кој ќе помогне да се стабилизираат економиите и да се поддржат функционални политички и социјални системи – а воената сила може да е неопходна за тој лек да почне да делува. Постојана глобална несигурност, бесплодни миротворни мисии, злоупотребена финансиска помош, легална економија разјадена од црниот пазар, институционална поддршка саботирана од повторливо насилство, загуба на човечки животи и потенцијал, може да е цената за непрепознавање на предизвикот на бездржавните војни.
Белешки: [1] William S. Lind. “Understanding Fourth Generation War.” Military Review, Vol. 84 Issue 5, pp. 12-16 (Sep-Oct 2004): 13.
[3] Ivo H. Daalder. “The End of Atlanticism” Oxford University Press: Survival, vol. 45, no. 2 (summer 2003). [4] Хендриксон именува три големи кризи пред Студената војна: Суецкиот канал (1956), во 1966та француското повлекување од Интергрираната команда на НАТО, барањето на де Гол да се отстранат Главниот штаб и воените поставки од француска територија, и американското бомбардирање на Либија во 1986та. Исто така, сојузничките имаа размирици околу европското ниво на потрпшувачка за одбрана, Виетнамската војна, гермнаската Ostpolitik надворешна политика, инвазијата на Авганистан од страна на Советскиот Сојуз, американската инвазија на Гренада и Панама, распоредувањето на американски мисили во Европа, итн. Кризи од периодот по Студената војна вклучуваат: Афганистан (2001), Турција (2003) и Ирак (2003) (Ryan C. Hendrickson. “The Miscalculation of NATO’s Death” US Army War College: Parameters, vol 37, issue 1(spring 2007): 103).
[6] Русија и Кина, од свои причини и на свој начин, волно се придружија кон повикот за глоблана „војна против тероризмот.“ Во различен контекст, би требало да се забележи дека земји кои не се членки на НАТО, како Ацтралија, Јапонија, Јужна Кореа, Бразил и Индија, ги поддржуваат интернационалните мисии под водство на НАТО и придонесуваат кон миротворни операции во кризни подрачја.
[7] NATO - OTAN 2007. NATO Basic Texts. “Comprehensive Political Guidance” http://www.nato.int/ (accessed May 20, 2007).
[8] NATO - OTAN 2007. NATO Public Diplomacy Division: “NATO after Riga”http://www.nato.int/ (accessed May 20, 2007).
[9] Mary Kaldor.“Wanted: Global Politics” The Nation, vol. 273, issue 14 (Nov 5, 2001): 15.
[10] Monty G. Marshal and Ted R. Gurr. “Peace and Conflict: A global survey of armed conflicts, self-determination movements and democracy” Center for International Development and Conflict Management (CIDCM), University of Maryland (2006). http://www.cidcm.umd.edu (accessed May 20, 2007).
[11] Mary Kaldor.“A cosmopolitan response to new wars” Peace Review, vol. 8, issue 4 (Dec 1996).
[12] Исто, „Клаусевицки војни“ или „војни на класичната модерност.“
[13] “Додека во страовремските војни луѓе се мобилизираа да учествуваат во воените активности, во новите војни, мобилизацијата на луѓето е цел на воените активности …” (Kaldor 2001: 15)
[14] Ова е различно од војните на класичната модерност, чија цел (не средства) беа масивни жртви помеѓу непријателските сили, постигнато со директна конфронтација, а метата е јасно обележана армија.
[15] “Некои ги сфаќаат новите војни како враќање кон примитивизмот. Но примитивните војни биле крајно ритуалистстички и скротени со општествени забрани. Новите војни се рационални, употребуваат рационално мислење на целите на војната и ги порекнуваат општествените забрани.” (Kaldor 1996)
[17] Цитирано во: Mats Berdal. “How ‘New’ Are ‘New Wars’? Global Economic Changes and the Study of Civil War” Global Governance, vol. 9, issue 4 (Oct-Dec 2003).
[19] Цитирано во: Berdal (2003).
[20] За длабинска студија на бездржавната војна во Афганистан, види ја мојата теза: Афганистан: Создавање на демократија на командири. ЦЕУ-Будимпешта, Катедра за политички науки (2006)
[23] Скорешната парола на Буш дека „мисијата ја дефинира коалицијата“ ширум отвора порти за не-сојузничко функционирање на Алијансата.
[24] Colonel Anne M. Moisan and Jennifer D.P. Moroney “NATO Stability Teams: The Next Stage of Capacity Development” Joint Force Quarterly (JFQ), issue 43, 4th quarter (2006): 65.
[25] Helene Sjursen. “On the Identity of NATO.” International Affairs, vol. 80, issue 4 (July 2004): 695.
[26] Zoltan Barany. “”NATO’s Post-Cold War Metamorphosis: From Sixteen to Twenty-Six and Counting” International Studies Review, vol. 8, issue 1 (March 2006): 176.
Библиографија: Сите текстови, освен оние обележани со (*), се на располагање во EBSCOhost® Research Databases. http://www.ebsco.com/
Barany, Zoltan. “”NATO’s Post-Cold War Metamorphosis: From Sixteen to Twenty-Six and Counting” International Studies Review, vol. 8, issue 1 (March 2006): 65-178.
Berdal, Mats. “How ‘New’ Are ‘New Wars’? Global Economic Changes and the Study of Civil War.” Global Governance vol. 9, issue 4 (Oct-Dec 2003): 477-502.
Daalder, Ivo H. “The End of Atlanticism.” Oxford University Press: Survival, vol. 45, no. 2 (summer 2003): 147–166.
Hendrickson, Ryan C. “The Miscalculation of NATO’s Death.” US Army War College: Parameters, vol 37, issue 1(spring 2007): 98-114.
Kaldor, Mary.“A cosmopolitan response to new wars.” Peace Review, vol. 8, issue 4, (Dec 1996): 505-515.
Kaldor, Mary.“Wanted: Global Politics.” The Nation, vol. 273, issue 14 (Nov 5, 2001): 15-18.
Lind, William S.. “Understanding Fourth Generation War.” Military Review, vol. 84 issue 5, (Sep-Oct 2004): 12-16
*Marshal, Monty G., and Ted R. Gurr. “Peace and Conflict: A global survey of armed conflicts, self-determination movements and democracy.” Center for International Development and Conflict Management (CIDCM), University of Maryland (2006). http://www.cidcm.umd.edu (accessed May 20, 2007).
Menon, Rajan. “The End of Alliances.” World Policy Journal, vol. 20, issue 2(summer 2003): 1-20.
Moisan, Anne M., Colonel, and Jennifer D.P. Moroney “NATO Stability Teams: The Next Stage of Capability Development” Joint Force Quarterly (JFQ), issue 43, 4th quarter (2006): 64-67
*NATO - OTAN 2007: NATO Basic Texts. “Comprehensive Political Guidance,” http://www.nato.int/ (accessed May 20, 2007).
*NATO - OTAN 2007: NATO Public Diplomacy Division: “NATO after Riga.” http://www.nato.int/ (accessed May 20, 2007).
Sjursen, Helene. “On the Identity of NATO.” International Affairs, vol. 80, issue 4 (July 2004): 687-703.
|
Articles / Написи: - 2007 - Stateless War: NATO's new challenge Niches of Quality: Free мarket vs Open Access - 2006 - Imagining Europe - 2004 - - 2003 -
Quick links:
Мој блог - Покана за колаборативен превод на Руми, и нешто лично |
||||
back to the top || назад кон врвот Copyright notice: The contents of this page are licensed under the Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 License. All materials available may be accessed, displayed, distributed, reprinted or electronically republished free of all fees, for non-commercial purposes only. All references to copyrights of the author and the original publishers (if any named) must be preserved. Please add the Cc logo to your own reproductions. Do not remove, add, delete or modify the contents. Any of these conditions can be waived by a written permission of the copyright holder(s).
|